Милетино
Милетино — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.
Милетино | |
Панорама на Милетино | |
Координати 41°54′27″N 21°1′0″E / 41.90750° СГШ; 21.01667° ИГД | |
Општина | Брвеница |
Население | 1.674 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28046, 28546 |
Милетино на општинската карта Атарот на Милетино во рамките на општината | |
Милетино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиМилетино се наоѓа во подножјето на Сува Гора, во близина на реката Вардар.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистичките пребројувања од 1453 додина во Милетино живееле исклучиво Македонци и тоа 88 семејства, 8 вдовици и 10 неженети. Додека пак во следниот попис во 1468 година има нагло зголемување на македонското население и тоа на 145 семејства, 6 вдовици и 7 неженети.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Милетино живееле 335 жители, од кои 200 Македонци и 135 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Милетино имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Рускиот филолог Афанасил Селишчев запишал дека во 1929 година селото имало 790 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци, 350 Албанци и 50 Турци.[6]
Според пописот од 2002 година, селото Милетино брои 1986 жители, од кои 642 Македонци, 1.336 Албанци, 2 Срби и 6 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.674 жители, од кои 501 Македонец, 1.105 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 64 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.310 |
1953 | 717 | 645 | 14 | 4 | — | 11 | — | 6 | — | 1.397 |
1961 | 749 | 673 | 72 | — | — | — | — | 4 | — | 1.498 |
1971 | 679 | 882 | 39 | — | — | 2 | — | 7 | — | 1.609 |
1981 | 658 | 1.113 | 31 | — | — | — | — | 18 | — | 1.820 |
1991 | 650 | 8 | — | — | — | 3 | — | 3 | — | 664 |
1994 | 638 | 1.142 | 2 | — | — | 2 | — | 2 | — | 1.786 |
2002 | 642 | 1.336 | — | — | — | 2 | — | 6 | — | 1.986 |
2021 | 501 | 1.105 | — | — | — | 1 | — | 3 | 64 | 1.674 |
Родови
уредиМилетино е македонско-албанско-турско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Македонски родови во селото се:
- Стаматовци (2 к.) стар селски род. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
- Тасевци (3 к.) стар селски род. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Кнушој или Николовци (6 к.) стари доселеници од Порече. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Филиповци или Карадаг (14 к.) доселени се од некое село на планината Скопска Црна Гора. Имаат иселеници во Белград.
- Топаловци (19 к.) доселени се од некое село во Охридско. Овде дошол основачот на родот Топал, го знаат следното родословие: Паун (жив на 78 г. во 1946 година) Аврам-Ѓоргија-Злате-Топал, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Белград (две семејства).
- Влкановци (3 к.) доселени се од некое албанско село на Шар Планина, го знаат следното родословие: Блаже (жив на 38 г. во 1946 година) Петруш-Анѓеле-Влкан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Челопек.
- Станчевци (11 к.) доселени се однекаде. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство).
- Самарковци (1 к.) доселени се и они однекаде.
- Џамадај или Маковци (8 к.) доселени се однекаде, се доселил основачот на родот Мако, го знаат следното родословие: Вељан (жив на 50 г. во 1946 година) Стојан-Аврам-Мако, кој се доселил. Имаат иселеници во Јабука во Војводина.
- Војној (5 к.) доселени се од некое село во Порече.
- Ѓорговци (6 к.) доселени се од некое село во Порече. Имаат иселеници во Белград (две семејства), Ќуприја (едно семејство) и во Војводина (едно семејство).
- Бацој (3 к.) доселени се од сега албанското село Горна Лешница. Имаат иселеници во Теново (едно семејство).
- Јаковчевци (5 к.) доселени се од Блаце, каде биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Коруној (1 к.) и они се од Блаце, потекнуваат од домазет.
- Јанкуловци (2 к.) и они се од Блаце, таму припаѓале на родот Лукаревци, подалечно потекло од селото Лупште, Порече.
- Нокој (Новаковић) (1 к.) доселени се од Косово, го знаат следното родословие: Новак (жив на 44 г. во 1946 година) Димитрије-Тодосије-Новак-Јован, кој дошол во селото.
- Ќулумовци или Цветковци (1 к.) доселени се од Порече. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
- Стојчевци (2 к.) доселени се од сега албанското село Горна Лешница.
- Шутковци (1 к.) доселени се од селото Блаце.
- Филип (1 к.) дојдени од селото Томино Село, Порече.
- Иван или Дебранци (1 к.) доселени се од некое село на Црн Дрим.
- Вељан (1 к.) доселени се од селото Седларево, нивните роднини таму се поалбанчени.
- Албански родови во селото се:
- Амедовци (34 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Имаат иселеници во Темишвар (едно семејство).
- Ќемаловци (3 к.) стари доселеници, нивното потекло е непознато, можеби се од турско потекло.
- Таировци или Имеровци (14 к.) доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Ајет (жив на 55 г. во 1946 година) Реџеп-Алија-Нуија, еден од нивните први доселеници. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Шаракат (8 к.) доселени се од селото Ѓурговиште на Шар Планина, го знаат следното родословие: Куртиш (жив на 80 г. во 1946 година) Реџеп-Зибер, еден од браќата кој се доселил.
- Реџеповци (5 к.) доселени се од некое село западно од Дебар го знаат следното родословие: Азир (жив на 50 г. во 1946 година) Амет-Рушан-Реџо, кој се доселил во селото.
- Османовци (3 к.) доселени се од селото Падалиште, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат иселеници во Долно Синичино.
- Миџаит (1 к.) скоро доселени, не сакале да кажат од каде.
- Азис (1 к.) исто така доселени скоро, доселени се од Дебарско.
- Турски родови во селото се:
- Агалари (5 к.) доселени се овде преку Тетово, подалечно потекло од Мала Азија, го знаат следното родословие: Арслан (жив на 60 г. во 1946 година) Рушан-Мамут-Арслан-Ага, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
- Зенул-Агини (2 к.) доселени се од Врапчиште, викаат дека се од турско потекло. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).[10]
Општествени установи
уреди- Цркви
Самоуправа и политика
уредиМилетино е центар на Милетинската парохија при Тетовското архијерејско намесништво на МПЦ.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2042 и 2043 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.919 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Милин Град - археолошко наоѓалиште, каде е пронајден еден јонски капител;[13]
Личности
уреди- Спиро Стоматовски (1913 - 1944) — жртва во логорот „Јасеновац“
- Борче Сибиновски — стопанственик и поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија[14]
Култура и спорт
уредиГалерија
уредиЗанимливости
уреди- Ајде на билје, билје да бериме
- Ајде на билје Јано, дејче мори,
- Билје да бериме о, ииии
- Билје да береме на средниот камен,
- билје да береме, стадо да крмиме,
- стадо да крмиме, стадо братово.
- (песна која се пее кога се берат билки, односно вечерта споти Ѓурѓовден)[15]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Составот на населението во Тетовската нахија во XV век“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2008-07-05.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-07-05.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Виктор Лилчиќ; Македонскиот камен за боговите, христијаните и за живот по животот, том прв, Скопје 2001, страници 293-295.
- ↑ Пратеничка група 1998-2002[мртва врска]
- ↑ Величковска, Родна (2008). Музичките дијалекти во Македонското традиционално народно пеење. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. ISBN 9789989642012.
Надворешни врски
уреди„Милетино“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Милетино на Карти на Гугл