Пешталево е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Пешталево
Пешталево (4).JPG

Куќи во Пешталево

Пешталево is located in Македонија
Пешталево
Местоположба на Пешталево во Македонија
Координати 41°27′46″N 21°23′48″E / 41.46278° СГШ; 21.39667° ИГД / 41.46278; 21.39667Координати: 41°27′46″N 21°23′48″E / 41.46278° СГШ; 21.39667° ИГД / 41.46278; 21.39667
Регион Прилепско поле
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Население 486 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 596 м. м
Пешталево на општинската карта
Пешталево во Општина Долнени.svg

Атарот на Пешталево во рамките на општината
Commons-logo.svg Пешталево на Ризницата

Географиja и местоположбаУреди

 
Црквата „Пресвета Богородица“ во Пешталево

Селото се наоѓа во северните делови на Прилепско Поле. Оддалечено е 5 километри северно од општинскиот центар Долнени и 23 километри северозападно од Прилеп.

ИсториjaУреди

Во 19 век селото било дел од Прилепската каза на Отоманската Империја. Според податоците за машкото население од 1873 година, селото имало 53 домаќинства со 136 муслимани и 83 христијани (сите Македонци).[1]

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Пешталево живееле 320 жители, сите Македонци муслимани.[2]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година, во Пешталево живеат 439 „Помаци“ (Македонци муслимани).[3]

Во 2002 година во Пешталево живееле 486 жители, од кои:[4]

Националност Вкупно
Македонци 280
Албанци 144*
Турци 44*
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 12
Други 5
*Жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци се всушност Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви.

Според религиска определба, во 2002 година се регистрирани:

Националност Вкупно
православни 273 (56,1 %)
муслимани 200 (41,1 %)
останати 13 (2,6 %)

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1916 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320[2] 439[3] 520 607 438 500 500 461 448 486

РодовиУреди

Пешталево е торбешко село, а има и Македонци православни доселено во селото.

Родови во селото се: Суљовци (23 к.), Абдуловци (20 к.) и Синановци (20 к.) потекнуваат од тројца браќа Суљо, Абдула и Синан кои биле основачи на селото, доселени се од некое торбешко село во Дебарско, во Синановци се знае следната генеологија Фејзо (жив на 54 год. во 1950тите) Осман-Фејзо-Осман-?-Синан, основачот на родот кој се доселил во 18ти век; Севовци (11 к.) и Зеновци (8 к.) доселени се од раселеното село Бурилово, кое постоело помеѓу селата Жабјани и Сарандиново, и во близина на Пешталево. Земјата од тоа раселено село ја поседуваат жителите на селата Пешталево и Жабјани. таму биле староседелци; Селимовци (2 к.) и Метковци (1 к.) доселени се од албанското село Црнилиште, таму биле доселени од северна Албанија; Абазовци (1 к.) доселени се од селото Браилово, таму биле доселени од северна Албанија. После 1954 година голем број на торбешки родови се иселиле и на нивно место дошле Македонци од областа Порече.[6]

ЗнаменитостиУреди

Цркви[7]
Џамии
Археолошки локалитети[8]
  • Тумба - непознато од непознат период;
  • Бурилово - непознато од непознат период;

ЛичностиУреди

Родени

НаводиУреди

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74-75.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 245.
  3. 3,0 3,1 Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. конс. 2019-01-01. 
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди