Средно Коњари
Средно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Средно Коњари | |
Координати 41°57′28″N 21°42′53″E / 41.95778° СГШ; 21.71472° ИГДКоординати: 41°57′28″N 21°42′53″E / 41.95778° СГШ; 21.71472° ИГД | |
Општина | Петровец |
Население | 1092 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25122 |
Надм. вис. | 250 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинскиот центар Петровец и на 30 километри југоисточно од градот Скопје.
ИсторијаУреди
Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Пржали сместено на 5 км источно од него.[1]
Во XIX век селото било дел од Скопската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Средно Коњари живееле 855 жители, од кои 820 Турци и 35 Македонци.[2]
Во 1991 година во Средно Коњари живееле 818 жители, од кои 599 Албанци, 90 Турци, 3 Роми и 410 останати.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.140 жители, од кои 668 Албанци, 61 Турчин, 402 Бошњаци и 9 останати. Следува табела на националната структура на населението:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 668 |
Турци | 61 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 402 |
останати | 9 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.218 |
1953 | — | — | 1.260 | 7 | — | — | ... | — | 1.267 |
1961 | 1 | 87 | 694 | ... | ... | — | ... | 84 | 874 |
1971 | — | 389 | 311 | — | ... | — | ... | 142 | 842 |
1981 | 2 | 478 | 176 | — | — | — | ... | 433 | 1.089 |
1991 | — | 304 | 75 | 1 | — | — | — | 438 | 818 |
1994 | — | 599 | 90 | 3 | — | — | — | 410 | 1.102 |
2002 | — | 668 | 61 | — | — | — | 402 | 9 | 1.140 |
Во пописните години од 1961 - 1994, најголем дел од жители, кои се запишани под останати, всушност претставуваат Бошњаци, кои во соодветните пописи немало можност за декларирање на бошњачки народ.
РодовиУреди
Средно Коњари порано било турско село. Но денес преовладуваат албанците и бошњаците во селото:
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:[5]
- Доселеници: Еселер (27 к.), Агушлар (45 к.), Гунгалар (20 к.), Исеинлер (25 к.), Јонузлар (36 к.), Бичкалари (30 к.), Турколар (18 к.) Ќеримлери (18 к.) и Каранџалар (13 к.) првиот род е најстар во селото. Сите турски родови се доселени кон крајот на XVIII век од Мала Азија. Во последниот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 65 г. во 1953 година) Дурмиш-Демир-Шериф-Таир, кој се доселил од Мала Азија.
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[1]
- Пржали — населба од римско време
- Средно Коњари — осамени наоди од римско време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвУреди
Од 1912 до 1953 година од селото се иселиле околу 100 турски семејства, и тоа во. Скопје (50 семејства), Велес (6 семејства) и во Турција (45 семејства). Иселувањето на турското население продолжило и после 1953 година и водело исклучиво кон Турција.[5]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 386. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)
Надворешни врскиУреди
„Средно Коњари“ на Ризницата ? |