Добрејци
Добрејци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Добрејци | |
Координати 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГДКоординати: 41°27′38″N 22°39′8″E / 41.46056° СГШ; 22.65222° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 1764 жители жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 27022, 27522 |
Надм. вис. | 230 мнв м |
Слава | Свети Илија |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Добрејци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во Струмичко-радовишката Котлина. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри и претставува приградска населба.
Надморската височина во селото е 230 метри а површината на селото изнесува 552 ха. Селото се граничи со Баница, Струмица, Василево, Пиперово, Просениково, Дабиле.
Денеска, селото се дели на Старо и Ново Добрејци. Новата населба се наоѓа западно од Старо Добрејци, и се разделени од Крива река.
ИсторијаУреди
ЛегендаУреди
Во минатото, местото каде денеска се наоѓа Ново Добрејци се нарекувало Марино село, според неколкуте жени кои се викале Марина. Според легендата, селото било основано од сега напуштена населба помеѓу селата Водоча и Вељуса. Во таа населба постоела селска чешма која населението ја нарекуала Добринска чешма. Но во селото имало многу змии, па затоа жиелите на населбата го напуштиле местото и се населиле во месноста Црнилка. Но, поради појава на болести ѓителите биле принудени уште еднаш да основат нова населба, и тоа на местото на денешно Старо Добрејци. Поради тоа што им се допаднало новото место, населението започнало да го употребува терминот „Овде е добро“. Според ова, и селото го добило своето име - Добрејци.
Според друга легенда, името го добил според добрината на луѓето кои живееле во селото, додека според трета легенда, името на селото било според Добрин, жител на селото.
Османлиски периодУреди
За првпат селото се споменува во 1519 година кога биле евидентирани 24 домаќинства.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрејци се состоело од 20 семејства и 72 жители Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Добрејци имало 250 жители Македонци[1][3].
Во селото како учител работел Коста Мазнејков во училиштето кое било основано во 1900 година.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци и работело егзархиско училиште[1][4].
Југословенски периодУреди
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, и подоцна Кралство Југославија.
СтопанствоУреди
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха[5].
НаселениеУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.764 жители, сите Македонци.[6]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250[3] | 160[4] | 552 | 623 | 743 | 1.122 | 1.608 | 1.688 | 1.693 | 1.764 |
Општествени установиУреди
- ОУ „Сандо Масев“
- Дом на култура
- Земјоделско здружение Еко-Градинар
- Земјоделско здружение ХортиЕко
Културни и природни знаменитостиУреди
- Црква св.Илија
- Мешакл’к, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време.
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 1765 и 1766 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.525 гласачи.[9]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.530 гласачи.[10]
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
- Проф. д-р Илија Велев, роден во Добрејци 1959 година. Автор на повеќе од 300 научни трудови и 20-тина монографски книги.Во 2006 година добитник на најголемата награда за наука во Република Македонија за книгата Византиско-македонските книжевни врски. Покрај со наука, се занимава и со пишување на поетски и прозни дела. Член е и на Друштвото на писателите на Македонија. Иницијатор за прогласување на 2008 - Година на македонскиот јазик, а од Владата на Р.Македонија е поставен за програмски координатор.
Култура и спортУреди
- ФК Илинден (Добрејци)
ИселеништвоУреди
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
- ↑ 3,0 3,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ 4,0 4,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help)
Надворешни врскиУреди
„Добрејци“ на Ризницата ? |