Ново Село (Демирхисарско)

село во Општина Демир Хисар


Ново Село — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Ново Село
Викиекспедиција Железник 217.jpg

Поглед на селото Ново Село

Ново Село is located in Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на интерактивна карта

Координати 41°18′17″N 21°11′26″E / 41.30472° СГШ; 21.19056° ИГД / 41.30472; 21.19056Координати: 41°18′17″N 21°11′26″E / 41.30472° СГШ; 21.19056° ИГД / 41.30472; 21.19056
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 35[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7244
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10023
Надм. вис. 670 м
Слава Арангел[2]
Ново Село на општинската карта
Ново Село во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Commons-logo.svg Ново Село на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на територијата на Општина Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 5,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 282 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 151 хектар, а на пасиштата 81 хектар.[3]

ИсторијаУреди

Во XIX век, Ново Село било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Селото во основа има полјоделска функција.[3]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ново Село имало 200 жители, сите Черкези.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 300 жители.[5]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 239 жители, а во 1994 година 50 жители македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200 300 251 274 239 169 120 62 50 35
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

РодовиУреди

Ново Село е македонско село, а во минатото било албанско.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[9]

  • Доселеници: Ѓоревци (2 к.), Вртигазовци (10 к.), Велевци (8 к.), Пејковци (3 к.), Димовци (1 к.), Кузмановци (2 к.), Цветановци (1 к.), Митановци (1 к.), Мијаковци (4 к.), Десановци (1 к.) и Котевци (1 к.), сите овие родови се доселени од селото Радово, повеќето родови во Радово имаат истоимени роднини; Настевци (1 к.), доселени се од селото Ракитница; Гуревци (2 к.), доселени се од селото Горно Дивјаци, Крушевско; Петревци (1 к.), доселени се од селото Душегубица, Кичевско; Деспотовци (1 к.), доселени се од селото Мало Илино и Мојсовци (1 к.), доселени се од селото Кошино, Прилепско.

Самоуправа и политикаУреди

 
Поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ над селото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Ракитница, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на општествена зграда.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта[12]
Цркви[13]

ИселеништвоУреди

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:

ЛичностиУреди

Родени
  • Веле Смилевски — македонски писател, поет, критичар и универзитетски професор

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 февруари 2017.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 213-214. Посетено на 8 јануари 2017.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Русиќ, Бранислав. Железник-Ново Село. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди