Башали

село во Општина Валандово

Башали — село во Општина Валандово, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]

Башали
Башали во рамките на Македонија
Башали
Местоположба на Башали во Македонија
Башали на карта

Карта

Координати 41°23′42″N 22°28′44″E / 41.39500° СГШ; 22.47889° ИГД / 41.39500; 22.47889
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 039
Шифра на КО 04003
Надм. вис. 420 м
Башали на општинската карта

Атарот на Башали во рамките на општината
Башали на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Бојмија, помеѓу планините Плавуш на исток и Градешка Планина на запад. Атарот зафќа површина од 8 км2.[3]

Под селото, во југозападен правец тече Башалиска Река, која потоа прима разни притоки за понатаму да се нарече Аразлиска Река и да заврши како лева притока на Вардар меѓу Удово и Ѓулели на 8 км југозападно од Башали.

Историја

уреди

На крајот од XIX век Башали било претежно турско село во Дојранската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа 8 км2.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194886—    
195393+8.1%
196151−45.2%
197157+11.8%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахчели (Bahtchely) имало 90 домаќинства сочинети од 168 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахчели имало 344 жители, од кои 320 Турци и 24 Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[6]

Во последните децении на XIX век селото доживеало голем раст, кој траел и во почетокот на XX век. Ова подоцна се променило во 1950-тите кога е забележан е многу значен пад на населението, што се должи на иселувањето на Турците од Македонија. Селото продолжило да се празни и во 1960-тите, така што до крајот на деценијата не останал ниту еден Турчин. Интересно е да се забележи дека на пописот од 1971 г. во Башали се заведени 57 лица, од кои сите под графата „останати“.[7] Нејасно е дали станува збор за грешка или некакво привремено сместување на друго население. Во текот на следните години селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Башали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 344 86 93 51 57 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 21. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението од 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Башали — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди