Сариѓол
- За истоимената област во Егејска Македонија, погл. Сариѓол (област).
Сариѓол — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Сариѓол | |
Координати 41°38′57″N 22°33′28″E / 41.64917° СГШ; 22.55778° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 637 м |
Сариѓол на општинската карта Атарот на Сариѓол во рамките на општината | |
Сариѓол на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на југозпадната падина на Плачковица, оддалечено 11 километри источно од Радовиш. Атарот зафаќа површина од 6 км2[3] Источно од селото тече реката Сирава, која се влева во Плавија (Плаваја) на јужниот крај од атарот.
Историја
уредиВо XIX век Сариѓол било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Сари Ѓол имал 75 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Сари ѓол живееле 124 Турци.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[6]
Во првите децении на XX век населението на Сариѓол значително нараснало, што се гледа од податокот на Гаџанов, како и од првите два пописа по Втората светска војна. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75 | — | 134 | 150 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 265. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |