Дебар Маало
Дебар Маало ― скопска населба во источниот дел на Општина Центар.
Дебар Маало | |
---|---|
Населба | |
Дебар Маало гледан од булeварот „Илинден“ | |
Координати: 42°0′4″N 21°25′14″E / 42.00111° СГШ; 21.42056° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Центар |
Географија
уредиДебар Маало се наоѓа на десната страна на реката Вардар. Дебар Маало се граничи со населбата Центар на исток, Буњаковец на југ, Тафталиџе I (Општина Карпош) на југозапад, Карпош I (Општина Карпош) на запад, Зоолошката градина и Градскиот парк (во поширок поим тие се исто така Дебар Маало) на север.
Историја
уредиМаалото настанало од прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.
Местото каде што било сместено ова маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на ова место постоеле градини и ниви. Првите куќи биле подигнати во 1920 година од страната на Браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од Голо Брдо, Дебарско, регион што по 1918 година, припаднал на соседна Албанија. Спомнатите Дебарчани во 1919 година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот на некогашното Дебар Маало. Овој простор сè уште не се сметал за градски, туку спаѓал во атарот на селото Долно Водно. Во 30-тите години на XX век, по економската криза, во Дебар Маало почнале да се доселуваат и жители од стариот дел на Скопје (северно од Вардар). Напуштањето на старите реони во Скопје било резултат на тешкиот економски живот. За продадениот имот во стариот град или како што го нарекувале Старо Скопје, можело да биде купен нов плац на периферијата за градење куќа и да се подмират долговите на семејството и слично.
Од Железничката колонија (денес во Буњаковец) и Учителската школа, сè до 1920 година, Дебар Маало било одделено со празен простор што го населувале доселениците. Дебармаалците биле прочуени ѕидари. Овој занает бил пренесуван од генерација на генерација. Ретко некој член од ѕидарско семејство се занимавал со друг занает. Жените во Дебар Маало, освен вршењето на сите женски домашни работи, се занимавале со везење и на тој начин заработувале пари.[1]
Дебар маало главно било населено со сиромашно население, но во него имало и „многу куќи на кат”, односно куќи на побогати семејства. Куќите во ова маало биле градени од тврд материјал и плитар, но со оглед дека биле градени според економските можности на секој доселеник, честопати биле дивоградби и без план. Внатрешното уредување на дебармаалските куќи било полуградско, а во некои семејство се спиело на под. Имале мебел кој со себе го донеле од старото место на живеење. Мебелот се состоел од кревети, ормани, маси, столови, отомани (табуретки) и слично.
Животот во Дебар Маало бил мирен. Самите дебармаалчани биле способни и вредни, а тоа особено се однесувало на Мијаците. Меѓусебните односи биле добри, но сепак со некоја одвоеност. Мијаците се дружеле со Мијаци, Скопјани со Скопјани, односно меѓу нив имало повеќе разбирање отколку со жителите доселени од другите краишта.
Во Дебар Маало имало неколку дуќани од кои се снабдувало населението. Наброените дуќани, млекари, фурни и слично, служеле за задоволување на секојдневните потреби на Дебармаалците, додека со сите други производи се снабдувале од градските пазари и дуќани во чаршијата и во градот. Со ваков начин на живот, жителите од ова маало постепено се вклопувале во градскиот живот.
Поради зачуваната, во тоа време, архитектура, Дебар Маало било прогласено за Споменик на културата, статус кој последен пат бил добиен во 2012 година.[2]
Денес Дебар Маало претставува високоурбанизирана населба. Поради фактот што се наоѓа во строгото средиште на јадрото на градот, населбата има доста високи цени на недвижнините.[3] Дебар Маало е познато по боемскиот живот и денес тука се наоѓаат голем број на ресторани.
Установи
уредиПоради својата средишна местоположба во Скопје, Дебар Маало е седиште на многу владини, административни, и образовни установи.
- Згради и установи на централната власт се:
- Зграда на Министерство за култура
- Зграда на Министерство за шумарство и водостопанство
- Згради и установи на локалната власт се:
- Зграда на Град Скопје
- Зграда на Општина Центар
- Урбана заедница „Дане Крапчев“
- Образовни згради и установи се:
- Разно
- Културно социјален простор „Центар-Јадро“
- Здружение на пензионерите на Општина Центар
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Ана“ - во план за изградба[4]
- ХБЦ „Радосна вест“ - Христијански Центар - Дебар Маало (протестантска црква)
- Споменици
- Споменик на Горан Стефановски
- Дрвен споменик - споменик кај „Боемска улица“
- Биста на Андреја Дамјанов - во заедничкиот двор на Градежен и Архитектонски факултет
- Биста на Даме/Дане Крапчев - меѓу ул. „Албер Ајнштајн“ и бул. „Илинден“
- Споменик на едногодишнината од Скопскиот земјотрес - веднаш источно од бараките на Град Скопје
- Паркови
- Градски парк - источниот дел на паркот припаѓа во Дебар Маало
- Парк на франкофонијата - во северниот дел на Скопје
- Споменици на културата[5]
- Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41
- Зграда на Детски културен центар „Карпош“ (бул. „Илинден“ бр. 53)
- Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63
- Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68
- Рубенова палата (Зграда на бул. „Илинден“ бр. 80)
- Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а
- Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88
- Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108
- Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109
- Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115
- Зграда на Министерството за култура (ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61)
- Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17
- Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82
- Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88
- Зграда на ул. „Раде Кончар“ („Живко Чинго“/„Боемска“) бр. 4а
- Зграда на Ташковиќ
- Зграда на Кубеш
- Разно
- Влезот како остаток од Учителската школа
Спорт
уредиГалерија
уреди-
Улицата „Орце Николов“
-
„Боемска улица“
-
„Боемска улица“
-
Кружниот тек на улиците „Антоније Грубишиќ“, „Пиринска“, „Наум Наумовски - Борче“, и „Коле Неделковски“.
-
Паркот на франкофонијата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ljubica M. Ilić, Debar maalo, "Skopski Glasnik" br.407, 1936, 2.
- ↑ „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 9 август 2021. Посетено на 4 декември 2023.
- ↑ „Најевтин Бутел, најскапи Центар, Дебар Маало и Водно“. money.mnogoo.mk. 3 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 2010-10-08. Посетено на 2013-04-14.
- ↑ Деспина, Трајковска (17 септември 2009). „За црквата во Дебар Маало се подготвувале и икони“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2013-04-14.
- ↑ „Регистрирани недвижни добра по надлежност на националните установи“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство на Македонија. февруари 2023. стр. 44, 48-51. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-04-07. Посетено на 4 декември 2023.