Бачишта
Бачишта — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До 2013 година селото било дел од Општина Зајас, која се припоила кон Кичево.
Бачишта | |
Координати 41°36′19″N 20°54′24″E / 41.60528° СГШ; 20.90667° ИГДКоординати: 41°36′19″N 20°54′24″E / 41.60528° СГШ; 20.90667° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 470 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12003, 12503 |
Надм. вис. | 962 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа на источните слапови на Бистра Планина. Селото се наоѓа на Бачишка Река. Оддалечено е 13 километри северно од Кичево.
Историја уреди
Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бачишта живееле 450 жители, сите Торбеши (Македонци муслимани).[2]
Од другата страна пак, според рускиот филолог Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било означено како словенско.[3]
Историски населението во Бачишта секогаш било албанско. Но кога во 1991 година во селото бил формиран разгранок на ПДП веднаш во училиштето бил бојкотиран македонскиот јазик и бил воведен албанскиот. Преку албанските политички структури бил извршен притисок и тогашниот македонски министер за образование дозволил, наместо дотогашниот македонски, во училиштето во Бачиште и официјално да се воведе албанскиот како наставен јазик. Така и ден денес децата учат на албански, додека дома си зборуваат на мајчиниот македонски јазик, а веќе партиско-политички „национално“ се идентификуваат како - Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 772 жители, од кои 1 Македонец, 756 Албанци и 15 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 470 жители, од кои 443 Албанци, 2 Роми и 25 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 225 | 80 | 475 | 501 | 527 | 642 | 646 | 22 | 685 | 772 | 470 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови уреди
Бачишта е албанско село.
Родови во селото се:
- Во маалото Алиовци се овие родови: Исаковци, Арслановци, Ипчевци, Селимовци и Королиовци сите заедно имаат 60 куќи.
- Во маалото Незировци се овие родови: Таманковци, Бајрамовци, Велковци или Велијовци, Браимовци, Ценковци, Папевци, Фејзовци, Бешировци и Зеновци сите заедно имаат 41 куќа. Во еден од овие родови се знае следното родословие: Зеќир (жив на 37 г. во 1961 година) Сефер-Браим-Исо-Усејин-Незир, најсариот познат предок.
- Во малото Лакофци најстариот жител Мифтар раскажува дека од секогаш во с.Бачишта живеело само Албанско население. (7 к.).
Наведените родови се староседелски.[10]
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Во селото постои избирачкото место бр. 824 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 690 гласачи.[12]
Личности уреди
- Мемед Алија Велиоски - партизан.[4]
Поврзано уреди
- Кичевско Поле
- Општина Зајас
- Албанци
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 224.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ 4,0 4,1 „Да се откажит от својот јазик јет да се откажит и от сам себе!“. Време. 23 април 2006. Посетено на 2011-04-01.[мртва врска]
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-24.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски уреди
- Сателитска снимка на Бачишта на Карти на Гугл