Живово
Живово — целосно раселено село во Општина Прилеп, во областа Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Живово | |
Поглед на куќи во Живово | |
Координати 41°12′28″N 21°48′59″E / 41.20778° СГШ; 21.81639° ИГД | |
Регион | Мариово |
Општина | Прилеп |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20038 |
Надм. вис. | 950 м |
Живово на општинската карта Атарот на Живово во рамките на општината | |
Живово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Живово е планинско село. Се наоѓа во областа Мариово. Тоа е сместено на планината Козјак, од десната страна на Црна Река (предел познат како Старо Мариово).
Историја
уредиСелото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.
Во XIX век, Живово било село во Мариовската нахија во Прилепската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми.[2] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Живово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 58 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Селото броело 250 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само пет жители, Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Живово немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 400 | 225 | 243 | 250 | 79 | 7 | 5 | 5 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Живово, Витолиште и Врпско.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи.[12].
Општествени установи
уредиЦркви
уреди- Црква „Св. Петка“ - Живово — главна селска црква, изградена во 1893 година
- Црква „Св. Петар и Павле“ - Живово - помала селска црквичка
Личности
уреди- Трајко Волчев Зојката - војвода и револуционер
- Жртви во војната 1941-1945[13]
- Ѓорѓија Митревски (1906-1941), загинал во Априлската војна, кај Косовска Митровица
Галерија
уреди-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Поглед на црквата Св. Петка селото Живово
-
Црквата Св. Петар и Павле во Живово
-
Остатоци од темели на разрушени куќи во Живово
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Žrtve rata 1941-1945 (PDF). Muzej žrtava genocida Beograd. 1997. стр. 223.