Моштица
Моштица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Моштица | |
Панорама на Моштица | |
Координати 42°03′30″N 22°34′30″E / 42.05833°N 22.57500°E | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 497 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09017 |
Надм. вис. | 750-1.050 м |
Моштица на општинската карта Атарот на Моштица во рамките на општината | |
Моштица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиМоштица се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 750-1.050 м. Селскиот атар зафаќа површина од 24,6 км2.[2]
Маалата во селото се познати како: Павлиш Дол, Селиште, Влајковска Маала, Перчаучка Маала и Даловска Маала.
Историја
уредиСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиСелото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 1.278 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 570 ха, а на пасиштата 446 ха.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Моштица живееле 420 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Моштица имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Моштица живеат 543 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 497 жители, од кои 457 Македонци и 40 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 360 | 538 | 588 | 512 | 649 | 642 | 549 | 606 | 543 | 497 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уредиВо селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Косевица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 614 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 470 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[15]
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Грамадје — населба, црква и некропола од доцноантичко време и среден век;
- Кладенци — населба од доцноантичко време;
- Павлин Дол — населба од доцноантичко време;
- Полицеј — населба од доцноантичко време;
- Равниште — тумул од железно време;
- Станков Дол — тумули од железно време.
- Реки
Галерија
уреди-
Панорама на селото
-
Куќи во селото
-
Патот низ селото
-
Основното училиште
-
Селските гробишта
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.