Злеово
Злеово (познато и како Злево) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Злеово | |
Поглед на селото | |
Координати 41°33′21″N 22°35′58″E / 41.55583° СГШ; 22.59944° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 683 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2423 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22017, 22517 |
Надм. вис. | 310 м |
Злеово на општинската карта Атарот на Злеово во рамките на општината | |
Злеово на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 960 жители,[2] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на левата страна на реката Струмица, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Василево.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 21 километар, додека од магистралата А4 помеѓу Радовиш и Струмица е оддалечено 2,5 километри.[4]
Селото се наоѓа во Радовишко-Струмичката котлина, во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.
До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.
Историја
уредиСпоред бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 17,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 938,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 682,1 хектар, а на пасиштата само 33,1 хектар.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Злево живееле 400 жители, сите Турци.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Злево живееле 433 Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Турци и 25 до 50 Власи.[8]
Во 1961 година селото броело 656 жители, од кои 554 биле Македонци, а 101 жител Турчин, додека во 1994 година бројот се зголемил на 959 жители, од кои 955 биле Македонци и тројца жители Срби.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Злеово живееле 928 жители, од кои 924 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 683 жители, од кои 647 Македонци, 4 останати и 32 лица без податоци.[9]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Злеово:
Година | Македонци | Турци | Роми | Срби | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | 807 |
1953 | 5 | 931 | 2 | 2 | 0 | — | 940 |
1961 | 554 | 101 | 0 | 1 | 0 | — | 656 |
1971 | 826 | 1 | 0 | 1 | 3 | — | 831 |
1981 | 975 | 0 | 0 | 2 | 2 | — | 979 |
1991 | 909 | 0 | 0 | 0 | 2 | — | 911 |
1994 | 955 | 0 | 0 | 3 | 1 | — | 959 |
2002 | 924 | 0 | 0 | 3 | 1 | — | 928 |
2021 | 647 | 0 | 0 | 0 | 4 | 32 | 683 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиЗлеово во минатото било турско село, но денес е целосно населено со македонско население.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[10]
- Турски родови:
- Староседелци: Османовци (8 к.) и Амедовци (3 к.), потурчени, мешајќи се со Турците.
- Доселеници: Салиевци (8 к.), Мустафовци и Корчовци (4 к.), Аметовци (5 к.), Дестановци (4 к.), Идрисовци (5 к.), Феизини (4 к.), Мамутовци (7 к.), Демировци (6 к.), Мемедовци (6 к.), Асановци (6 к.), Шерифовци (8 к.), Сулемановци (7 к.), Османовци (6 к.) и Алилевци (5 к.).
- Колонисти православни родови: Ражњатовиќи (2 к.), доселени се од Ријечка Нахија во Црна Гора; Мрвошевиќ (1 к.), доселени се од Пјештица во Црна Гора; Тодоровиќ (1 к.), доселени се од Горно Поле во Црна Гора; Јовичиќ (1 к.), доселени се од Шумадија.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Орце Николов“, подрачно деветгодишно основно училиште во состав на ОУ „Орце Николов“ - Ињево
- Месна заедница
-
Амбулантата
-
Автобуска постојка
-
Амбулантата
-
Основното училиште
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Злеово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Подареш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Доброшанци, во која покрај селото Злеово, се наоѓале и селата Висока Маала, Доброшане, Кушкулија, Нивичани, Нова Маала, Сушево и Чанаклија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Злеово, во која влегувале селата Злеово и Кушкулија.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1623 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 698 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 692 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[5]
- Желков Рид — средновековна населба;
- Кочишо — доцноантичка и средновековна населба;
- Сред Село — средновековен сакрален објект и некропола; и
- Сушејски Порој — градиште од доцноантичкото време.
- Цркви[14]
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква.
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Детско игралиште
-
Дел од селото
-
Амбар
-
Селските гробишта
-
Сретселото
-
Капела на селските гробишта
-
Главниот дел на селото
-
Куќи на сретселото
-
Фонтана на сретселото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 20 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 14 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.