Веселчани
Веселчани — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.
Веселчани | |
Координати 41°16′19″N 21°26′30″E / 41.27194° СГШ; 21.44167° ИГД | |
Општина | Прилеп |
Население | 36 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20014 |
Веселчани на општинската карта Атарот на Веселчани во рамките на општината | |
Веселчани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Пелагонија, во јужниот дел на Прилепско Поле. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Алинци на исток, Тополчани на југ, Загорани на запад и Галичани на север. Оддалечено е 14 километри јужно од Прилеп.
Историја
уредиПодрачјето на Веселчани е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Старо Село на околу половина километар јужно од селото.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Веселчани живееле 350 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Веселчани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веселчани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Во 1961 година селото има 361 жител, додека во 1994 година има само 121 жител.
Според пописот во 2002 во селото има 98 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 36 жители, од кои 34 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 160 | 333 | 344 | 361 | 319 | 273 | 125 | 121 | 98 | 36 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиВеселчани е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Веселчани се:
- Доселеници: Момировци (7 к.), доселени се од селото Света во Железник, доселени се во ХVIII век, во Света имале 300 кози, и затоа на нив нападнале арамии, и потоа решиле да се преселат во Веселчани. Го знаат следното родословие: Илија (жив на 70 г. во 1951 година) Томе-Димитрија-Миле-Кочо кој се доселил; Опашиновци (11 к.), доселени се однекаде, една нивна гранка се вика Газијановци; Пашовци (4 к.) и Марковци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Дошлаковци (2 к.), доселени се однекаде; Мојсовци (7 к.), доселени се во турско време од Беровци. Порано се викале Маѓанци, можеби подалечно потекло имаат од областа Мат во Албанија (?); Бришковци (3 к.), доселени се во турско време од Вардино во Железник; Јошмановци (2 к.) доселени се во турско време од Загорани, таму припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од некое село во Железник.[13]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1501 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Илија“ од 1857 г.
- Археолошки наоѓалишта[2]
- Горник — некропола од доцноантичко време
- Старо Село — населба од доцноантичко време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиСтојковци(1 к.) се иселени во Ерековци, Веселчанци (1 к.) живеат во Боротино, Милошевци (1 к.) иселени се во Алдинци. И неколку семејства се иселени во Прилеп.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 290. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 331–332.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.