Мичак
Мичак — село во Општина Карбинци, Штипско. Денес нема жители.[2]
Мичак | |
Координати 41°44′36″N 22°25′22″E / 41.74333° СГШ; 22.42278° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Област | Плачковица |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30037 |
Надм. вис. | 1000 м |
Мичак на општинската карта Атарот на Мичак во рамките на општината | |
Мичак на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено на југозападната падина на планината Плачковица, надморска височина од 1.000 м.[3] Лежи во крајниот југоисточен дел на општината, на границата со Општина Радовиш. Самото село е сместено во една долина, а на север од него се издига возвишението Мичачки Рид[4]
Историја
уредиСпоред османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Мичак живееле 55 Турци.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Мичак било мало, традиционално турско село. Населението почнало да опаѓа во 1950-тите со иселувањето на Турците, за во 1961 г. да се сведе на 10 жители. Во 1960-тите е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Мичак немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 28 | 25 | 10 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 198. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Мичачки Рид (10310207) — GeoNames
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.