Белче
Белче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Белче | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 41°14′38″N 21°12′07″E / 41.24389° N; 21.20194° EКоординати: 41°14′38″N 21°12′07″E / 41.24389° N; 21.20194° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Железник |
Население | 245[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10004 |
Надм. вис. | 611 м |
Слава | Св. Никола Летен[2] |
![]() |
Потекло на иметоУреди
Селото најпрвин запишано како Белче се сретнува во XVI век. Има две мислења за тоа како е добиено името. Првата е дека името потекнува од личното име Белко, Белчо. Втората е дека настанало придавка од белец, што може да значи бела земја или бел камен.[3]
Според верување прв го основал селото некој од родот Дранговци, кој побегнал поради убиство на Турчин, од селото Белче, кое тогаш се наоѓало во близина на денешното село Белчишта, Дебрца.[2]
Географија и местоположбаУреди
Ова село се наоѓа во Железник, во средишниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, на десниот брег на реката Црна, на 5 километри северно од општинското средиште, Демир Хисар.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[4]
Белче е со село со триесетина нови куќи, непосредно сместено до патот Битола-Кичево. Од градот Битола е оддалечено 30 километри. Се граничи со селата Прибилци и Сладуево на север, со селото Граиште на исток и со селото Слепче на југ и на запад.[2]
Во 1951 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1978 година, а истата година добило и асфалтен пат.[2]
Сместено е во подножјето на ридот Илиница.[5]
ИсторијаУреди
Селото првпат се споменува во опширниот пописен дефтер од 1468 година, во кој се регистрирани вкупно 9 семејства и 2 вдовици, или вкупно околу 53 жители. Вкупно плаќале данок од 9.510 акчиња.[2] Во 1568 година селото броело околу 88 жители.[2]
Во XIX век, Белче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од само 3 км2, при што преовладуваат шумите со 136,8 хектари, обработливото земјиште заземаат 89,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 59,4 хектари.[4]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[4]
Во селото се наоѓа фабрички погон, живинарска фарма (која не работи повеќе), 3 продавници, 1 превозник, 1 лимар и автомеханичар и 1 фризер.[2]
Населението се занимава со земјоделство и чува стока и домашни птици.[2]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Белче имало 100 жители, сите Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 128 жители.[7]
Селото е мало, но со пораст на бројот на население. Во 1961 година селото броело 170 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 208 жители, македонско население.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 245 жители, сите Македонци.[1]
Според неофицијални податоци, во 2015 година во селото живееле над 250 жители.[2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[8] | 1905[9] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 128 | 154 | 154 | 170 | 175 | 199 | 244 | 208 | 245 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Белче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[11] year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>
- Доселеници: Јоновци (1 к.), потекнуваат од селото Бабино. Од таму се иселиле во Обршани кај Прилеп. Па по некое време прешле во Белче; Величковци со Дрмоновци (5 к.), со непознато потекло. Некое време седеле и во Сопотница; Трајковци (2 к.), доселени се во 1903 година од селото Логоварди кај Битола; Јолевци и Дранговци (2 к.); Филиповци (1 к.), доселени се пред 1903 година од селото Единаковци; Лозановци (2 к.), потекнуваат од селото Вардино. Од таму се иселиле во селото Бучин кај Крушево. Па се населиле во Белче; Ничовци (4 к.), доселени се пред 1903 година од селото Стругово. Таму припаѓале на родот Гологановци; Лачовци и Милевци (1 к.), доселени се од селото Граиште. Таму припаѓале на родот Кордановци и Кочовци (1 к.), доселени се од селото Слоештица. Таму имале роднини.
Општествени установиУреди
- Месна заедница
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Белче, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 0620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 203 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Гориче — црква од старохристијанско време;
- Зад Корија — населба од средниот век;
- Зарев Манастир — црква од средниот век;
- Стари Анови — населба од средниот век.
- Цркви[15]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Редовни настаниУреди
- Слави[2]
- Св. Никола Летен — главна селска слава
ИселеништвоУреди
Од Белче има над 30 домаќинства иселено и тоа најмногу во градовите Битола, Скопје и Демир Хисар, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2016.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 12–13. ISBN 978-608-65616-4-2. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 47-48. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 26. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2020-04-04.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 4 април 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.