Осиче (Кумановско)


Осиче — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Осиче
Осиче is located in Македонија
Осиче
Местоположба на Осиче во Македонија
Координати 42°13′40″N 22°1′45″E / 42.22778° N; 22.02917° E / 42.22778; 22.02917Координати: 42°13′40″N 22°1′45″E / 42.22778° N; 22.02917° E / 42.22778; 22.02917
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Средорек
Население 5[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Надм. вис. 1.134 м
Осиче на општинската карта
Осиче во Општина Старо Нагоричане.svg

Атарот на Осиче во рамките на општината

НаселениеУреди

Според пописот од 2002 година, во селото Осиче имало 5 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[2] 1905[3] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 128 96 108 107 91 67 42 20 17 5
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]

РодовиУреди

Осиче е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени

Родови во Осиче се: Миленковци (5 куќи) нивното потекло е од селото Опила, кривопаланечко. Го знаат следното родословие: Тасе (жив на 60 г. во 1971 година) Цветан-Величко-Миленко кој се доселил во селото. Миленко во Опила убил Турчин и се доселил во Осиче; Стојковци (1 куќа) отсекогаш имале едно домаќинство, доселени се однекаде; Јаудици (1 куќа) и они се доселени однекаде; Веселиновци (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Црвен Град, Горна Пчиња; Арсеновци (1 куќа) доселени се однекаде; Дитковци (1 куќа) родот го основал домазет кој дошол од кривопаланечкото село Гулинци.[5]

ИселеништвоУреди

Иселеници има во кумановските села Лопате и Тромеѓа, како и во градот Куманово.[5]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 март 2017.
  2. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  3. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  4. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  5. 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: Универзитетска печатница „ Кирил и Методиј “. стр. 114–115.

Надворешни врскиУреди