Братин Дол

село во Општина Битола

Братин Дол — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Братин Дол
Братин Дол во рамките на Македонија
Братин Дол
Местоположба на Братин Дол во Македонија
Братин Дол на карта

Карта

Координати 41°3′18″N 21°15′41″E / 41.05500° СГШ; 21.26139° ИГД / 41.05500; 21.26139
Општина Битола
Население 168 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02010
Надм. вис. 754 м
Братин Дол на општинската карта

Атарот на Братин Дол во рамките на општината
Братин Дол на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во јужното подножје на Облаковска Планина, оддалечено 5 километри северозападно од Битола, во близина на патот БитолаРесенОхрид.

Историја

уреди

На ова место порано немало населба. Населбите постоеле во Трново и Магарево. Во овие села живееле одвоено еден од друг со семејствата двајца браќа кои многу се сакале. Едниот во Трново, другиот во Магарево. Еден ден братот што живеел во Трново го загубил магарето кое пасело трње. Го барал и кај брата си, но не го нашол. Го барал, го барал и на крајот го нашол во некој дол. Тогаш тој дол бил наречен Братин Дол или Братиндол. Кога подоцна овој дол бил населен, името му останало и понатаму исто.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 9,1 км2. На него пасиштата заземаат површина од 494,1 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 362,2 ха, а на шумите само 4,8 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948516—    
1953520+0.8%
1961498−4.2%
1971451−9.4%
1981303−32.8%
ГодинаНас.±%
1991436+43.9%
1994212−51.4%
2002205−3.3%
2021146−28.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Братин Дол живееле 250 жители, од кои 150 Албанци и 100 Македонци.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Братин Дол се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Албанци.[6]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Братин Дол имало 40 патријаршисти.[7]

Населбата е мала, но со незначително опаѓање на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 280 жители, од кои 248 биле Македонци и 30 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 176 жители, од кои 166 се Македонци, а осум жители Срби.

Според пописот 2002 селото брои 205 жители од кои: 166 Македонци, 33 Албанци, 3 Власи и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 120 Македонци, 34 Албанци, 6 Власи, 4 останати и 4 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под.[9] Вкупно
1948 281
1953 227 12 62 6 1 ... 308
1961 240 4 30 ... ... ... 6 280
1971 223 33 1 ... ... 2 259
1981 269 31 ... 4 304
1991 177 32 2 211
1994 166 8 1 1 176
2002 146 33 3 3 185
2021 120 34 6 4 4 168

Родови

уреди

Братиндол е мешано македонско-влашко-албанско село, сите родови во селото се доселенички.

Албански родови:

  • Доселеници: Абдуловци (3 куќи), Ислаиловци (2 куќи) и Личевци (1 куќа) доселени се од Јужна Албанија. Во Абдуловци се знае следното родословие: Ќемал (жив на 45 г. во 1951 година) Џемал-Осман-Абдула-Љуман кој се доселил од Јужна Албанија.

Македонски родови:

  • Доселеници: Наумчевци (10 куќи) и Ѓорчевци (6 куќи) овие две рода потекнуваат од двајца браќа Наумче и Ѓорче. Доселени се од кај Ќафасан во Струшко или Албанија. Во родот Наумчевци се знае следното родословие: Миле (жив на 74 г. во 1957 година) Најдан-Наумче кој се доселил; Арпаловци (5 куќи) доселени се после претходниот род однекаде; Снегаровци (4 куќи) доселени се од селото Снегово, го знаат следното родословие: Стеван (жив на 40 г. во 1957 година) Штерјо-Стојче, кој се доселил; Петковци (3 куќи) доселени се од раселеното село Црн Врв над Секирани, се доселил Кузе како дете од 10 години со неговиот татко Гроздан; Поповци (5 куќи) доселени се од Градешница во Мариово во 1909 година; Велковци (1 куќа) доселени се од селото Луково во Дримкол; Блаже (1 куќа) доселени се од селото Завој во Охридско; Митовци (1 куќа) доселени се од селото Цер во Железник. Куќите ги подигнале 1км подалеку од селото.

Влашки родови:

  • Доселеници: Алтипармаковци (2 куќи) доселени се од селото Трново. По дома зборуваат на влашки јазик.[10]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 132 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 148 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[13]
Археолошки наоѓалишта[14]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Секоја година на патеката во селото Братин Дол се одржува традиционалната трка во мотокрос.

Иселеништво

уреди

До 1957 година од селото се иселиле вкупно 20 албански семејства во Битола и Турција. По 1957 година продолжиле иселувањата на албанското население во Турција.[10]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 37.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. 10,0 10,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди