Синичане
Синичане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Синичане | |
Координати 41°56′25″N 20°55′5″E / 41.94028° СГШ; 20.91806° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 1.205 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28074, 28574 |
Надм. вис. | 650 м |
Синичане на општинската карта Атарот на Синичане во рамките на општината | |
Синичане на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 12 километри јужно од Тетово. Селото речиси целосно е споено со соседните села Камењане на север и општинскиот центар Боговиње на југ. Се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладува обработливо земјиште на површина од 149 ха, па затоа селото има полјоделска функција.[2]
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 52 христијански семејства и 2 неженети христијани.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Синичане живееле 220 жители, сите Албанци.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 68 куќи со 395 жители, Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[6]
Според пописот од 2002 селото брои 1.472 жители, од кои 1.469 Албанци и 3 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.205 жители, од кои 1.155 Албанци и 50 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | — | 605 | 700 | 750 | 861 | 1.093 | 0 | 925 | 1.472 | 1.205 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2050 и 2050/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.327 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.271
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.360
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |