Лактиње
Лактиње — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево - Охрид.
Лактиње | |
Координати 41°23′14″N 20°47′47″E / 41.38722°N 20.79639°E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 54 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19024 |
Надм. вис. | 862 м |
Лактиње на општинската карта Атарот на Лактиње во рамките на општината | |
Лактиње на Ризницата |
Потекло на името
уредиМеѓу народот се смета дека селото порано се викало Латини, по Латините кои живееле овде. впрочем името на селото би требало да дошло од старото Лактово[2]
Географија и местоположба
уредиЛактиње — село во Западна Македонија, на источната страна на планината Караорман, сместено во областа Дебрца. Оддалечено е 30 километри јужно од Кичево и 35 километри северно од Охрид и Струга.
Соседни села на селото Лактиње се: Арбиново од исток, Песочани и Издеглавје од југ, Ржаново и Збажди од запад и југозапад, и Годивје од север.
Историја
уредиСелото Лактиње е стара населба, тоа има свое историско минато и од најстари времиња е населено на истиот простор. Во атарот на селото се пронајдени остатоци од стари уништени населби, како на месноста Градиште од доцната антика[3], во повеќе усни преданија се изнесува дека на таа месност се наоѓал град под име Повеница, со повеќе негови делови, меѓу кои некои именувани како Сушица. Според некое друго предание селото Лактиње своето име го добило по доселувањето на родот Јоргановци, кои дошле од местото Латини во Лариса (денешна Грција), и по тоа селото го добило името, според преданието тоа било уште за време на Византија.
Постои уште едно предание кое вели: Некогаш во дамнешни времиња во селото се случил пустеш по кој скоро сето население било убиено или избегано, со исклучок на две сестри. Тие се скриле во шумите и седеле таму долго време, а кога им дошло време да се мажат се договориле поголемата сестра да го земе првиот маж што ќе помине, а помалата вториот маж. Така прв дошол некој Вељан и од него се Вељановци, втор дошол некол Топал, крив во ногата, и по него се Топаловци. Тие биле најстари родови во селото.[4][5][6]
Како најстари родови во селото се спомуваат, Вељановци, Топаловци, Јоргановци, Булиовци, Балабановци и др. Во 1583 година, по пописот во Охрискиот Санџак, во селото живееле 30 семејства и 4 неженети. За време на борбите за ослободување на Македонија од ова село излегле многу борци, така овде биле родени Смиле Војданов Војнески и Дејан Димитров Мицкоски, кои останале во сеќавање на народот во Дебрца како големи борци за слободата на Македонија.
Во периодот пред и по Илинденското востание во селото постоела лактинска чета, под водство на комитата Алексо Копиљакоски.[5]
Во XIX век, Лактиње се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Лактиње во Балканските војни и во Првата светска војна
уредиПочетокот на Првата балканска војна во Македонија и Лактиње бил дочекан со радост, бидејќи била создадена можност за ослободување од петвековното турско ропство. Затоа сите од Лактиње и Македонија воопштво се впуштиле во борбата на страната на сојузничките сили. Но после балканските војни Македонија била поделена и Лактиње и целата Вардарса Македонија потпаднале под српска окупација. Во српската војска биле испраќани доста жители на Лактиње, кои немале никаква обука и биле испраќани во првите воени редови. Биле испраќани во западна Србија да се борат со Австроунгарија, или на Солунски Фронт. Во Првата балканска војна и во Првата светска војна, во период од шест години, од кои три на страната на Србија и три години на страната на Бугарија.[5]
Лактиње во НОБ
уредиЛактиње како и цела западна Македонија за време на НОБ биле под италијанско-албанска окупација. Па така народот масовно ги помагал партизаните. Во атарот на селото Лактиње на Славеј Планина се основале неколку партизански единици, меѓу кои и батаљонот Мирче Ацев.
На 6 октомври 1943 година, со наредба на Главниот штаб на Втората оперативна зона, во Лактиње се формира команда на место како заедничка власт, со седиште во прво време во село Издеглавје, а потоа во Белчишта, командант бил Танаско Алексиев-Левски од Сливово, а потоа и Божин Костески од Белчишта. На истиот ден во Лактиње бил формиран и Околиски народно ослободителен одбор за теренот на Дебрца. За претседател бил избран Антим Поповски од Слатино.
Во 1944 година бил избран и вториот народнослободителен одбор на Лактиње.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лактиње имало 480 жители, сите Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лактиње имало 560 жители.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лактиње е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[10]
Според пописот од 2002 година, во селото Лактиње живееле 82 жители, од кои 81 Македонец и 1 Србин.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 54 жители, од кои 37 Македонци и 17 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 480 | 560 | 574 | 641 | 537 | 365 | 203 | 123 | 93 | 82 | 54 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиЛактиње е македонско село.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Сливово, во која покрај селото Лактиње, се наоѓале и селата Арбиново, Врбјани, Годивје, Мраморец, Сливово и Турје. Во периодот 1950-1952 година, селото Лактиње се наоѓало во некогашната Општина Годивје, во која влегувале селата Врбјани, Годивје и Лактиње.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1334 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на здружен дом.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[19]
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква, изградена во XIX век
- Археолошки наоѓалишта[3]
Личности
уреди- Дејан Димитров (1873 - 1910) — македонски револуционер
- Смиле Војданов (1872 - 1958) — македонски револуционер
- Благоја Лактински (р. 10 март 1942) — македонски поет.
- Ѓорѓија Најдоски (18 февруари 1942) — македонски поет, раскажувач и романописец.
- Мито Златаноски (р. 20 октомври 1946) — македонски електо-инженер, редовен професор и продекан на ЕТФ во Скопје
- Иван Војнески — македонски револуционер од ВМОРО. Роднина на Смиле Војданов Војнески.[20]
- Петко Ристов Вељаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Мијајле Василески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Кузман Крстанов Кузманоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Стефан Костески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Трпе Танев Доневски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Ристо Тренев Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Јонче Андреевски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Димо Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Илија Ристов Нически — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Ристо Трајчев Савески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Вељан Стојанов Сиљаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Божин Стојанов Сиљанов — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Миладин Танески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Дуко Цветаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Милош Софрониев Цветкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Смиле Алексов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Никола Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Здраве Максимов Илиоски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Стојан Максимов Илиоски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Герасим Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.
- Димо Корунов Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.[27]
- Страхилка Алексоска — учесник во НОВ на Македонија.
Иселеништво
уредиВо постаро време од селото се има иселеници на следните места, Илијовци (13 к.) во селото Долно Лакочереј, Камберовци (4 к.) во Ново Село, исто така иселеници има и во Песочани.[4] Потоа помеѓу двете светски војни доста население е иселено во одредени прилепски села. Потоа до 1948 година иселеници уште имало во Србија (4 семејства), Аргентина (3 семејства), Битола (1 семејство), Австралија (1 семејство), Бугарија (3 семејства), САД (3 семејства) и во Скопје (1 семејство).[2]
До 1978 година од селото се иселиле целосно и следните родови, Дуковци, Пластевци, Петревци, Збашковци, Даневци, Треневци и Богдановци.[4]
Во поново време малобројноста на населението во селото се должи како резултат на масовното иселување пред сè во Австралија и Охрид. А иселеници исто така има и во Скопје, Битола и Белград.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Лактиње. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 249. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 5,8 Милошески, Танче (2008). Лактиње- Корени и потомци, времиња и судбини. Струга: Ирис-Р.
- ↑ Вражиновски, Танас (1986). Македонски народни преданиа, книга I. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков “.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 октомври 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 20,5 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 25,0 25,1 {Наведена книга|title=Илинденски сведоштва. том IV, дел II.|author=Јасмина Дамјановска|author2=Ленина Жила|publisher=Државен архив на Република Македонија|author3=Филип Петровски |year=2017|isbn=|location= Скопје|pages=}}
- ↑ 26,0 26,1 26,2 26,3 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
уреди- Лактиње на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Лактиње на Карти на Гугл