Аџиевци
Аџиевци — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.
Аџиевци | |
Поглед на селото од соседното Јанче | |
Координати 41°35′20″N 20°36′47″E / 41.58889° СГШ; 20.61306° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Област | Долна Река |
Население | 100 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07001 |
Надм. вис. | 763 м |
Аџиевци на општинската карта Атарот на Аџиевци во рамките на општината | |
Аџиевци на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото потекнува по потурчените жители кои оделе на аџилак.[2]
Географија и местоположба
уредиОва село се наоѓа во областа Долна Река, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на југоисточната падина на планината Дешат, во долното течение на реката Радика.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 760 метри.[3]
Селото е сместено на пониска тераса, над долината на Радика.[2]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Јасика, Гумно, Жабишта, Долни Пив, Казаферова Нива, Изворшница, Орешец, Пијаќе и други.[2]
Селото е мало и има збиен тип.[2]
Аџиевци е оддалечено 16 километри северозападно од градот Дебар, а од патот Маврово-Дебар е оддалечено само 1,2 километри.[3]
Историја
уредиСелото во минатото припаѓало на некој спахија, кој го поседувал и селото Горенци, крај Дебар. Дури подоцна било приклучено на Реканската каза.[2]
Во XIX век, Аџиевци било село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото поседува мошне мал атар, кој зафаќа простор од само 1,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина 89,5 хектари, пасиштата заземаат 44 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 18,8 хектари.[3]
Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аџиевци било село со 20 домаќинства и 48 жители.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџиевци живееле 115 жители, сите Македонци-муслимани.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Хаџиевци се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 16 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Селото е мало, населено со турско население и во 1961 година броело 121 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 204 жители, од кои 71 Турчин (Македонци-муслимани), 43 Македонци, 6 Албанци и 84 останати.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Аџиевци имало 149 жители, од кои 93 Македонци и 56 Турци (всушност Македонци-муслимани).[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 100 жители, од кои 8 Македонци, 7 Албанци, 43 Турци, 31 останат и 11 лица без податоци.[9]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Аџиевци:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 117 |
1953 | 132 | 2 | 3 | 3 | — | 140 |
1961 | 0 | 1 | 120 | 0 | — | 121 |
1971 | 0 | 0 | 151 | 0 | — | 151 |
1981 | 0 | 0 | 23 | 170 | — | 193 |
1991 | 25 | 0 | 4 | 177 | — | 206 |
1994 | 43 | 6 | 71 | 84 | — | 204 |
2002 | 93 | 0 | 56 | 0 | — | 149 |
2021 | 8 | 7 | 43 | 31 | 11 | 100 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиРодови во селото се Таировци и Абдиновци.[2]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Блаже Конески“, подрачно основно училиште до петто одделение во состав на ОУ „Блаже Конески“ - Скудриње[10]
- Селски дом
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуше, во која покрај Аџиевци се наоѓале и Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Ростуше, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0468 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 251 гласач.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии[13]
- Џамија — главна селска џамија
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 15. Посетено на 11 април 2020.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 април 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Се затвора училиштето во с. Видуше, сѐ помалку првачиња во општина Маврово и Ростуше“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-04-11.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 април 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-04-11. Посетено на 11 април 2020.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.