Бардовци
Бардовци — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.
Бардовци | |
Поглед кон селото Бардовци, од северните падини на Зајчев Рид | |
Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД | |
Општина | Карпош |
Население | 2.291 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25907 |
Надм. вис. | 270 м |
Бардовци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиБардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри (во североисточен правец).
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 16 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 90 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 288 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бардовци живееле 120 жители Македонски христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бардовци имало 88 егзархисти и 80 патријаршисти.
Во 1913 година, во селото биле евидентирани 274 жители. Било центар на Општина Бардовци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[5]
Во близината на Бардовци се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи.
Стопанство
уредиПоради тоа што во Бардовци последниве години се изградени прекрасни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Бардовци е драстично променета.
Голем дел староседелското население се занимава со земјоделство. Во Бардовци најмногу се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Раскажана од жител на Бардовци на месниот скопско-велешки дијалект | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Според пописот од 2002 година, селото Бардовци брои 1472 жители,[6] од кои:
- Македонци 1.432
- Роми 2
- Срби 31
- останати 7
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 2.291 жител, од кои 2.075 Македонци, 9 Албанци, 8 Турци, 3 Роми, 5 Власи, 42 Срби, 1 Бошњак, 39 останати и 109 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 168 | 614 | 689 | 1.079 | — | — | — | — | 1.472 | 2.291 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиБардовци е македонско село.
Според истражувањата од 50-тите на минатиот век, родови во селото се:
Ивановци (3 к.) доселени се од денес албанското село Сечишта кај Качаник (Косово). Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 90 г. во 1950-тите) Пешо-Иван, предокот кој се доселил; Битолци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, Пелагонија. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 86 г. во 1950-тите) Јован-Тале, кој се доселил со неговиот брат Ристе; Станчевци (5 к.) доселени се од некое село Баница кај Прилеп (?); Шалевци (6 к.) доселени се од селото Огњанци; Асанбеговци (1 к.) доселени се во XIX век од Асанбегово (сега Ченто); Анѓелковци (3 к.) родот го основал Анѓелко кој се доселил како сираче од Скопје; Мицевци (2 к.) доселени се од сега непостоечкото село Јазирци на Скопска Црна Гора; Крстовци (5 к.), Ѓурковци (2 к.), Богдановци (6 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Стојановци (2 к.), Бошковци (1 к.), Велковци (3 к.) и Златановци (4 к.) доселени се во различен период од селото Визбегово; Трајчевци (1 к.) доселени се од селото Јурумлери; Кузмановци (4 к.) доселени се од селото Волково; Орманци (9 к.) доселени се во 1906 година од селото Орман, таму се викале Субашовци; Вичоровци (14 к.) доселени се околу 1906 година од селото Злокуќани, се претпоставува дека подалечно потекло имаат од околината на Качаник, Косово; Дарчевци (4 к.) и они се доселени од селото Злокуќани; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Кучково; Мојсовци или Галичани (1 к.) доселени се во 1915 година од мијачкото село Лазарополе; Трипун Ѓоргијов (1 к.) доселен од селото Волково; Јазаџини (1 к.) доселени се од селото Бањане.[12]
Општествени установи
уредиВо селото постои црквата „Св. Троица“ и основното училиште „Аврам Писевски“.
Самоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[13]
- Зад Воденицата — осамен наод од римско време
- Чешма — осамен наод од римско време
Редовни настани
уредиЛичности
уредиЛичности родени во Бардовци:
- Тихомир Атанасов (1924-1945) — македонски партизан
- Санде Бошковски (1925-1945) — македонски партизан
- Ѓорѓи Николовски (1925-1945) — македонски партизан
Култура и спорт
уреди- ФК Лепенец, член на Третата македонска лига. Клубот е оформен во 1964 година.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 26 октомври 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.