Грчец
Грчец — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2021 година, селото имало 36 жители.
Грчец | |
Координати 41°59′17″N 21°19′49″E / 41.98806° СГШ; 21.33028° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 36 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25063 |
Надм. вис. | 394 м |
Грчец на општинската карта Атарот на Грчец во рамките на општината | |
Грчец на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е дел од Општина Сарај, во близина на Скопје. Селото е оддалечено околу 10 км од Скопје и се наоѓа на планината Водно. Грчец е составено од две маала, Горни Грчец се наоѓа на Водно, а Долни Грчец во близина на Треска, поточно Матка.
Во северниот дел на Долен Грчец, крај свиокот на Треска се наоѓа маалото Чичино Село.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 43 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 94 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 120 жители.[3]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 95 жители Албанци муслимани.[4] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[5] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, Грчец има 1 жител Македонец.
Според последниот попис од 2021 година, Грчец има 36 жители, од кои 3 Албанци и 33 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 95 | — | 607 | 658 | 569 | 30 | 1.315 | 39 | 1.805 | 1 | 36 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиГрчец е албанско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Арцика (14 к.), Уколар (12 к.), Гаџалар (34 к.) и Врескало (28 к.) споменатите родови потекнуваат од предци доселени на почетокот од XIX век од Горна Река. Во селото Кракорница постои род Врескало. Од нив е родот Врескало во Грчец.[12]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[13]
- Градиште — градиште од доцноантичко време
Личности
уреди- Ким Мехмети (р. 1955) — писател и политички аналитичар
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 370. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Грчец, на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |