Црн Врв
Црн Врв — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел на Скопската Котлина, во областа Торбешија. Атарот е мошне голем, со површина од 61,6 км2. Сместен е во изворишното подрачје на Маркова Река и се протега кон северните падини и сртот на Јакупица.[2]
ИсторијаУреди
Подрачјето околу Црн Врв е населено уште во доцната антика за што сведочат остатоците од градиште и збег во наоѓалиштето Кале на 2 км југоисточно од селото.[3]
Во XIX век Црн Врв било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 г. селото (Църни върх) се состоело од 210 Арнаути муслимани.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Crnivrh) како албанско село.[5]
На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал селото (Църни връх) како албанско.[6]
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црн Врв живееле 210 жители, сите Албанци.[7]
Населението на Црн Врв четирикратно пораснало во првите децении на XX век. Во 1960-тите доживеало извесен пад, но потоа почнало повторно да се накачува. Во пописите големи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци-муслимани. Почнувајќи од 2002 г. речиси сето население почнало да се изјаснува како албанско.
Според пописот од 2002 година, во селото Црн Врв живееле околу 700 жители, од кои 686 Албанци, 1 Македонец и 13 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 311 жители, од кои 65 Албанци, 1 Турчин, 2 останат и 244 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210 | — | 759 | 842 | 690 | 535 | 773 | 0 | 986 | 700 | 311 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
РодовиУреди
Црн Врв е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото:
- Доселеници: Папузалар (13 к.), Сефулас (16 к.) и Мајљес (12 к.) по потекло се од северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие. Селман (жив на 40 год. во 1950 година) Сакип-Рушит-Адем-Садик-Имер, кој се доселил во селото. Во родот Мајљес се знае следното родословие. Сејдин (жив на 50 год. во 1950 година) Елмаз-Јусуф-Јонуз-Исмаил, кој се доселил во селото. Од родот Сефулас има иселеници во Ново Село (Зеадиновци); Сенца (19 к.) доселени се од селото Сенце во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија. Имаат роднини во селото Цветово (Јашаровци) и во Ново Село (Куртиш и Нури); Штутк или Рекалар (13 к.) доселени се од некое село во Горна Река, подалечно потекло од северна Албанија; Беч (13 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Ферук (жив на 38 год. во 1950 година) Рамадан-Муарем-Суљо-Ибиш, кој се доселил во селото. Имаат свои иселеници во селото Ново Село (Касамовци). А имаат свои роднини и во селата Нов Пустеник кај Качаник, и во селото Глажња кај Куманово.[14]
СтопанствоУреди
Црн Врв има мешовито стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 3.088 ха пасишта, 2.317 ха шуми и 347 ха обработливо земјиште.[2]
Општествени установиУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
- Џамии
- Фета Ефенди џамија - селската џамија
- Археолошки наоѓалишта
- Кале — градиште-кастел и збег од доцноантичко време
- Реки
ИселеништвоУреди
Според истражувањето од 1950 г. во с. Цветово живеел родот Јашаровци (3 куќи) кој бил дојден од Црн Врв, а водел подалечно потекло од Горна Река. Потоа и во Скопје (15 семејства) и во Турција (10 семејства). Иселеништвото продолжило во годините и потоа.[14]
ГалеријаУреди
Поглед на селото Црн Врв од Драчевски Рид на Караџица
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 314. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 388. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
- ↑ Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 Ф. Трифуноски, Јован (1958). „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“ (српски). Филозофски факултет Скопје. стр. 174-176.
Надворешни врскиУреди
- Црн Врв на Ризницата
- Сателитска снимка на Црн Врв на Карти на Гугл