Нова Маала

село во Општина Василево

Нова Маала — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Нова Маала

Влезот во селото

Нова Маала во рамките на Македонија
Нова Маала
Местоположба на Нова Маала во Македонија
Нова Маала на карта

Карта

Координати 41°31′35″N 22°41′54″E / 41.52639° СГШ; 22.69833° ИГД / 41.52639; 22.69833
Општина Василево
Население 893 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27045
Надм. вис. 316 м
Слава Успение на Пресвета Богородица
Нова Маала на општинската карта

Атарот на Нова Маала во рамките на општината
Нова Маала на Ризницата

Географија и местоположбa

уреди
 
ОУ „Атанас Нивичански“
 
Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица
 
Џамија

Нова Маала се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Огражден и припаѓа на Општина Василево. Нејзиниот атар допира со границите на Општина Босилово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 14 километри.

Надморската височина во селото е 316 метри додека селото зафаќа површина од 17,9 км2. Од нив 557 хектари се обработливо земјиште, 770 хектари се шуми и 335 се пасишта[2]

Историја

уреди

Антички период

уреди

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Грамада, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа 1 км југоисточно од селото, на простор од 150 х 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Има и неколку грамади од насобрани камења[3].

Отоманско Царство

уреди

Пред доаѓањето на Османлиите на овие простори, селото се нарекувало Алексино[4]. Во текот на XIX век, селото било чисто турско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 70 семејства и 150 жители Турци[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 510 жители Турци[6].

Источно од селото се наоѓало некогашното село Мангала, иселено многу одамна.[7]

Југославија

уреди

Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови по крајот на Балканските војни, додека на нивно место се населиле бегалци од Егејска Македонија[4]. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран селскиот НОО од страна на Ѓорѓи Стоев. На 28 септември 1944 година, во близина на селото од страна на германските сили биле нападнати позициите на партизаните. Во судрувањето кое траело неколку часа, фашистите биле разбиени и принудени да се повлечат кон Струмица. При повлекувањето тие се обиделе да го запалат селото, но на тоа повторно реагирале партизаните и ги спречиле во намерата. Во тие борби 4-та македонска бригада изгубила тројца борци и имала еден тешко ранет, додека Германците имале пет загинати[4].

По крајот на Втората светска војна, Нова Маала била вклучена во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 200 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, селото има 823 жители и спаѓа во групата на големи села.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Нова Маала има 893 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 546
Албанци 0
Турци 76
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 271

На табелата е прикажана националниот состав на селото низ сите пописни години:[9]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 696
1953 283 88 1 32 784
1961 343 276 2 1 622
1971 415 1 213 1 540
1981 550 206 5 761
1991 610 201 1 2 814
1994 544 192 3 739
2002 679 142 1 1 823

Религија

уреди

Нова Маала е едно од двете единствени села во Македонија со мнозинство население кое верски припаѓа на католичката црква. На табелата е прикажана верската определба во селото од 2002 година:[10]

Вера Жители Проценти ( %)
Католици 520 63,18 %
Муслимани 232 28,18 %
Православни 69 8,38 %
останати 2 0,24 %

Институции и знаменитости

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1809 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 727 гласачи.[12]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.201.
  3. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  4. 4,0 4,1 4,2 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
  7. Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 77.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски

уреди