Отиштино
Отиштино — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Отиштино имало 130 жители, сите Македонци.[2]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отиштино имало 144 жители, Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 59 жители, од кои 53 Бошњаци и 6 Албанци.[4]
РодовиУреди
Отиштино е бошњачко-албанско село, а порано имало и Македонци во селото.
Според истражувањата од 1966 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци: Темелковци (2 к.), Ѓорчеви (2 к.), Стојкови (2 к.), Тодорови (1 к.) и Андонови (1 к.)
- Доселеници: Пекмезови (3 к.) и Орданови (1 к.) доселени се после 1918 година од селото Бистрица.
Бошњачки
- Доселеници: Бишевац (1 к.), Адилови (1 к.), Фаикови (1 к.), Мујовиќи (1 к.) и Муриќи (1 к.) доселени се од разни села во околината на Нови Пазар.
Албански
- Доселеници: Деарови (1 к.) основачот на родот се доселил пред крајот на турското владеење од селото Долно Јаболчиште. Таму имал жена торбешка од селото Мелница. Па од таа причина во овој род се зборува македонскиот јазик.[5]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2240 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 57 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Врчва — населба од римско време
- Латински Гробишта — некропола од средниот век
- Тумба — тумул од железно време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macedoine et sa Population Chretienne, Paris, 1905, рр. 120-121.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Областа на Бабуна и Тополка.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 80. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |