Вардарски Регион

регион во Македонија

Вардарски Регион — еден од осумте региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во централна Македонија и се граничи со Грција на југ и внатрешно со Пелагонискиот, Југозападниот, Скопскиот, Југоисточниот и Источниот Регион. Главен град на регионот е Велес.

Вардарски Плански Регион
Регион
Logo of Vardar Region.svg
Грб
Потекло на името: Името потекнува од името на реката Вардар.
Земја Македонија Македонија
Површина 4,042 км2
Население 133,248 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 043
Oпштини 9
Седиште Велес
Раководител Александар Бузалков
Контакт 043/ 211-484
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

ОпштиниУреди

 
Карта на општините.

Во овој регион спаѓаат следните девет општини:

  1.   Велес
  2.   Градско
  3.   Демир Капија
  4.   Кавадарци
  5.   Лозово
  6.   Неготино
  7.   Росоман
  8.   Свети Николе
  9.   Чашка

ДемографијаУреди

 
Демографска карта на регионот.

НаселениеУреди

Моментално овој регион има 133.248 жители.

Попис Население Промена
1994 130.793 н/п
2002 133.248 +2,95 %

Најголеми населени местаУреди

Ранг Населено место Население
1 Велес 46.690
2 Кавадарци 34.052
3 Неготино 13.284
4 Свети Николе 13.280
5 Демир Капија 3.275
6 Горно Оризари 2.262
7 Градско 2.219
8 Чашка 1.471
9 Росоман 1.422
10 Бузалково 1.273

Етнички групиУреди

Најголема етничка група се Македонците.

Народ Број Удел (%)
Македонци 117.044 87,83
Албанци 5.127 3,62
Турци 2.871 2,15
Бошњаци 2.869 2,15
Срби 1.386 1.04
Роми 1.259 0,94
друго 2.692 2,02
Вкупно 133.248 100

ПоврзаноУреди