Подареш

село во Општина Радовиш, Македонија

Подареш — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била припоена со Општина Радовиш.

Подареш

Поглед на селото

Подареш во рамките на Македонија
Подареш
Местоположба на Подареш во Македонија
Подареш на карта

Карта

Координати 41°36′50″N 22°32′32″E / 41.61389° СГШ; 22.54222° ИГД / 41.61389; 22.54222
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 1.260 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22033
Надм. вис. 370 м
Подареш на општинската карта

Атарот на Подареш во рамките на општината
Подареш на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.527 жители,[2] со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба уреди

 
Сретселото

Селото се наоѓа во источниот дел на Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 16 километри.[4]

Селото се наоѓа во подножјето на Малешевските Планини, а низ него поминува регионалниот пат 29471.

Историја уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство уреди

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 34,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 2.241 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 748 хектари, а на пасиштата 362 хектари.[4]

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.[4]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.051—    
19531.178+12.1%
19611.263+7.2%
19711.359+7.6%
19811.480+8.9%
ГодинаНас.±%
19911.457−1.6%
19941.413−3.0%
20021.527+8.1%
20211.260−17.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подареш живееле 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подареш имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Подареш живееле 532 жители, од кои 196 Турци и 336 Македонци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 200 Турци.[9]

Подареш е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 1.263 жители, од кои 1.179 биле Македонци, а 67 Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 1.413 жители, од кои 1.401 Македонец, а 11 жители Турци.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Подареш живееле 1.527 жители, од кои 1.515 Македонци, 11 Турци и 1 Србин.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.260 жители, од кои 1.157 Македонци, 1 Албанец, 12 Турци, 1 Србин, 9 останати и 80 лица без податоци.[10]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Подареш:

Година Македонци Албанци Турци Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.051
1953 902 0 239 32 3 2 1.178
1961 1.179 0 67 7 10 1.263
1971 1.344 0 12 1 2 1.359
1981 1.463 0 13 0 2 2 1.480
1991 1.438 0 17 0 1 1 1.457
1994 1.401 0 11 0 0 1 1.413
2002 1.515 0 11 0 1 0 1.527
2021 1.157 1 12 0 1 9 80 1.260

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови уреди

Подареш во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[11]

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Петковци со Тасовци и Доневци (18 к.), Кусовци со Васовци (5 к.), Циневци со Димовци и Крстовци (16 к.), Купицовци и Тодоровци (15 к.), Китановци (7 к.), Доневци и Митевци (12 к.), Поцевци (20 к.) и Божиновци и Тодоровци (7 к.).
  • Доселеници: Јовановци и Спаиловци (4 к.), доселени се многу одамна од селото Немањици во Овче Поле; Кратиловци и Пантовци (4 к.), доселени се на почетокот од XIX век од селото Смиланци; Стојковци (2 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Сушево кај Штип; Аранѓеловци (1 к.), доселени се од селото Дедино.
  • Турски родови:
    • Доселеници: Рустемовци (5 к.), Алиовци и Арифовци (10 к.), Исмаиловци и Асановци (12 к.), Зумбуловци и Аметовци (5 к.) и Мемедовци и Алиовци (5 к.).

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

 
Грбот на поранешната Општина Подареш

Во XIX век, Подареш било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село седиште на Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Подареш, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 1618 и 1619 според Државната изборна комисија, сместени во месната заедница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.225 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.285 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта[5]
  • Градини — населба од римското време;
  • Градиште — средновековна утврдена населба;
  • Гробишта — средновековен сакрален објект и некропола;
  • Калата — средновековно кале;
  • Клешан — населба-викус од римското време;
  • Тулуко — населба од доцноантичкото време; и
  • Црквиште — средновековна некропола.
Цркви[15]
Манастири
Споменици
  • Споменик и спомен-плочи во чест на НОБ
Реки[16]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Подареш

Култура и спорт уреди

Во селото работи фудбалскиот клуб „Готен“, како и фолклорниот ансамбл „Подарешани“.[21]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 20 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 237. Посетено на 20 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 329. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  14. „Локални избори 2021“. Посетено на 21 јануари 2022.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 55. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  17. „Радовиш: Чистење на речното корито на реката Ступница во Подареш“. Јавна Администрација. 2021-12-19. Посетено на 2022-01-21.
  18. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 624.
  19. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 762.
  20. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 479.
  21. „Радовишка околија: ПОДАРЕШ“. Radovis News. Посетено на 2022-01-21.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди