Горна Белица

село во Општина Струга

Горна Белица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Горна Белица

Поглед на селото Горна Белица

Горна Белица во рамките на Македонија
Горна Белица
Местоположба на Горна Белица во Македонија
Горна Белица на карта

Карта

Координати 41°13′26″N 20°33′15″E / 41.22389° СГШ; 20.55417° ИГД / 41.22389; 20.55417
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6335
Повик. бр. 046
Шифра на КО
Надм. вис. 1.316 м
Горна Белица на општинската карта

Атарот на Горна Белица во рамките на општината
Горна Белица на Ризницата

Потекло на името

уреди

Првото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек.[2]

Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Горна и Долна Белица.

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото Горна Белица

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во западниот дел на територијата на Општина Струга, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица и се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е планинско и мошне високо, на надморска височина од 1.420 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 14 километри.[3]

До него се стигнува по магистралниот пат од Струга што води кон граничниот премин Ќафасан.

Селото повеќе служи како викенд-населба отколку како постојано живеалиште.[2]

Историја

уреди

Според една теза, селото било основано од деселеници од Москополе, денес во Албанија. Се претпоставува дека Власите се населиле околу 1730 година.[4] Овие Власи претежно се занимавале со сточарство и продавање на млечните производи.[2]

Во втората половина на XIX и XX век, во селото постоеле 40 дуќани, со што бил развиен и важен трговски центар. Пазарен ден бил петок, кога доаѓале жители и од Албанија. Со тоа, селото претставувало центар на струшката трговија.[2]

По завршувањето на Втората светска војна, во селото во 1944 година било отворено училиште на македонски јазик. Училиштето го носело името „Св. Климент“.[2]

Во XIX век, Горна Белица било село во рамките на Струшката нахија, на Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Во катастарската евиденција за ова село не постојат аграрни податоци.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948217—    
1953180−17.1%
196127−85.0%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
19912—    
19942+0.0%
20021−50.0%
20214+300.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 132 домаќинства и 350 жители мажи.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горна Белица имало 1.000 жители, од кои 150 Албанци муслимани и 850 Власи.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горна Белица имало 1.200 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Власи.[8]

Селото е мошне мало и во 1961 година броело 27 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на двајца жители, Власи.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Горна Белица живеел 1 жител, Македонец.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.000 1.200 217 180 27 0 0 2 2 1 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

уреди
 
Поглед кон планинарскиот дом во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Велешта.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вевчани, во која покрај селото Горна Белица, се наоѓале и селата Вевчани и Октиси. Во периодот 1950-1952 година, селото Горна Белица било дел од некогашната општина Вишни, во која влегувале селата Вишни и Горна Белица.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1885 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Вишни, кое ги опфаќа селата Вишни и Горна Белица.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта
  • Вајнос — богато археолошко наоѓалиште, каде што може да се најдат различни стари предмети поради што често е мета на диви копачи. Според археолозите, таму имало и леарница, голема јавна бања, а во римско време ова била значајна попатна станица на Вија Егнација. Таму има остатоци од камените плочи со кои била поплочена најголемата патна артерија во Римското Царство; и
  • Писаник — се наоѓа во близината на Вајнос, каде што има многу камени плочи на кои има исцртано најразлични фигури.
Цркви[17]
Џамии[17]
  • Џамија — главната селска џамија.
Реки[18]

Личности

уреди
Родени во Горна Белица

Потекло

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Јачевска, Сања (5 јуни 2018). „Сафари низ дивите беспаќа на Јабланица“. Нова Македонија. Посетено на 5 ноември 2018.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 73. Посетено на 3 ноември 2018.
  4. „Во Горна Белица се градат муслимански гробишта“. Вечер. 21 септември 2012. Посетено на 3 ноември 2018.[мртва врска]
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 254.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 ноември 2018.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 3 ноември 2018.[мртва врска]
  16. „Референдум 2018“. Посетено на 3 ноември 2018.[мртва врска]
  17. 17,0 17,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди