Стрновац

село во Општина Старо Нагоричане

Стрновац — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Стрновац
Стрновац во рамките на Македонија
Стрновац
Местоположба на Стрновац во Македонија
Стрновац на карта

Карта

Координати 42°11′45″N 21°51′26″E / 42.19583° СГШ; 21.85722° ИГД / 42.19583; 21.85722
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 48 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17098
Надм. вис. 395 м
Стрновац на општинската карта

Атарот на Стрновац во рамките на општината
Стрновац на Ризницата

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948330—    
1953355+7.6%
1961389+9.6%
1971312−19.8%
1981240−23.1%
ГодинаНас.±%
1991121−49.6%
1994106−12.4%
200293−12.3%
202148−48.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стрновац имало 93 жители, од кои 87 Македонци и 6 Срби.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 41 Македонец, 6 Срби и 1 лице без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 160 330 355 389 312 240 121 106 93 48
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

уреди

Стрновац е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Јовановци (22 к.), Клинчарци (9 к.), Алабуцини (6 к.) и Шантирци (4 к.) сите се доселени од селото Старо Нагоричане. Во родот Јовановци се знае следното родословие: Стојче (жив на 66 г. во 1971 година) Максим-Арсо-Стојан, еден од првите доселеници; Беризимци (17 к.) доселени се од селото Драгоманце. Подалечно потекло од околината на Параќин во Србија; Гаговци (4 к.) доселени се однекаде; Челопечанци (3 к.) доселени се од селото Челопек.[9]

Иселеништво

уреди

До 1971 година 4 семејства се иселиле во Австралија. Во мај 1971 година 15 млади момци се спремале да се иселат во Австралија. Потоа планирале и своите семејства да ги повлечат.[9]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
  4. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. 9,0 9,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.

Надворешни врски

уреди