Загориче

село во Општина Демир Хисар


Загориче — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Загориче
Викиекспедиција Железник 297.jpg

Поглед на селото

Загориче is located in Македонија
Загориче
Местоположба на Загориче во Македонија
Загориче на интерактивна карта

Координати 41°11′17″N 21°11′45″E / 41.18806° СГШ; 21.19583° ИГД / 41.18806; 21.19583Координати: 41°11′17″N 21°11′45″E / 41.18806° СГШ; 21.19583° ИГД / 41.18806; 21.19583
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Грб на Општина Демир Хисар.png Демир Хисар
Област Железник
Население 94 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10016
Надм. вис. 674 м
Слава Св. Никола Летен[2]
Загориче на општинската карта
Загориче во Општина Демир Хисар.svg

Атарот на Загориче во рамките на општината
Commons-logo.svg Загориче на Ризницата

Потекло на иметоУреди

Името на селото доаѓа од личното име Загоро или Загора, веројатно од старословенскиот збор „гори“. Најверојатно доаѓа од името на првиот доселеник, што се претпоставува дека било Загурче.[2]

Втората теорија е дека селото го добило името по тоа што било сместено зад една гора, Задгора или Задгориче.[2]

Географија и местоположбаУреди

 
Сретселото

Ова село се наоѓа во областа Железник, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Демир Хисар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 674 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено околу 6 километри, додека од магистралниот пат Демир Хисар-Битола околу 1 километар.[3]

Загориче се наоѓа по течението на реката Обедничица. Загориче се граничи со следниве села: со Стругово на север и на исток, со Утово на југ и дел со Лопатица (Општина Битола) преку некогашното село Чагор, со атарот на селото Крагуево (некогашно село) и со селото Кутретино на исток. Селото е оддалечено 7 километри од градот Демир Хисар, а од најблискиот поголем град, Битола, е оддалечено 26 километри на север.[2][4]

Во 1958 година селото добило електрична енергија, во 1982 година водовод, а асфалтен пат од 1975 година.[2]

ИсторијаУреди

Загориче се смета за стара населба, која е спомената во 1468 година во пописниот турски дефтер со името „Загориче“. Во селото имало 25 христијански семејства, од кои 3 неженети и 2 вдовици, со вкупно 130 жители. Селото плаќало 2.172 акчиња. Во 1568 година, селото имало 85 жители.[2]

Во XIX век, Загориче било село во Битолската каза, нахија Демир Хисар, на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 177,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 174,7 хектари, а на шумите 42,4 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Во селото се одгледуваат житни и полјоделски култури, од кои најмногу тутун. Исто така, се чува стока.[2]

Во селото работат две продавници за колонијални стоки, две мали сточарски фарми и еден автопревозник. Во минатото имало воденица.[2]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948208—    
1953225+8.2%
1961247+9.8%
1971255+3.2%
1981299+17.3%
ГодинаНас.±%
1991253−15.4%
1994140−44.7%
2002115−17.9%
202194−18.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Загориче имало 140 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Загориче имало 128 жители.[6]

Селото е мало и во 1961 година броело 247 жители, а во 1994 година 140 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 115 жители, сите Македонци.[7]

Денес, Загориче бележи мало зголемување и според неофицијални податоци има 140 жители, чиј број во текот на летото привремено се зголемува.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 89 Македонци и 5 останати.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 128 208 225 247 255 299 253 140 115 94
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

РодовиУреди

Загориче е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[12]

  • Староседелци: Шалевци (3 к.), Питроповци (1 к.) и Шубаковци (8 к.).
  • Доселеници: Тркалевци (2 к.) и Кузевци (10 к.), доселени се од селото Обедник. Во родот Тркалевци се знае следното родословие: Пере (жив на 75 г. во 1951 година) Недан-Стојан-Нечо, кој се доселил; Подмолковци (2 к.), доселени се од селото Подмол кај Прилеп; Лачовци (2 к.), доселени се од селото Граиште, каде припаѓале на родот Распашновци; Журчановци (1 к.), доселени се од селото Журче; Клепачовци (1 к.) и Србиновци (1 к.), доселени се од селото Сопотница, родот Клепачовци подалечно потекло имаат од селото Клепач кај Прилеп; Апостоловци (3 к.), доселени се од селото Стругово и Бабинци или Здравевци (1 к.), доселени се од селото Бабино.

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лопатица, во која покрај селото Загориче, се наоѓале и селата Габаловци, Лисолај, Лопатица, Метимир, Облаково, Свињиште, Секирали, Стрежево, Утово и Црновец. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Загориче, во која влегувале селата Загориче, Обедник, Стругово и Утово.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0627 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во рамки на избирачкото место е опфатено и селото Утово.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 124 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]
Споменици

Редовни настаниУреди

Слави[2]

ИселеништвоУреди

Во текот на 1960-тите години се случило големо иселување на мештаните и се иселиле над 30 домаќинства, од кои најмногу во градовите Битола, Демир Хисар и Скопје, како и во европските и во прекуокеанските држави.[2]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 44–46. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 127. Посетено на 28 март 2020.
  4. 4,0 4,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2020-03-28.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 август 2016.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Русиќ, Бранислав. Железник-Загориче. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
  13. „Описи на ИМ“. Посетено на 28 март 2020.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 28 март 2020.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди