Отвори го главното мени

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри југоисточно од Тетово. Селото лежи на горното течение на реката Суводилица, на северните падини на Сува Гора. Во близина на Ларце се селата Добарце и Чифлик.

ИсториjaУреди

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало население од 138 муслимани (Албанци).[1] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 90 куќи со 562 жители Албанци.[2]

ДемографијаУреди

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.868 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 5
Турци 1
Роми 0
Албанци 1 859
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 1
Други 2

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 138[1] 562[2] 809 866 950 1.149 1.489 1.735 1.868

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
  2. 2,0 2,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди