Седларци
Седларци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Седларци | |
Влезот на Седларци | |
Координати 41°29′25″N 22°35′4″E / 41.49028° СГШ; 22.58444° ИГД | |
Општина | Општина Василево |
Население | 246 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27060 |
Надм. вис. | 263 м |
Слава | Митровден |
Седларци на општинската карта Атарот на Седларци во рамките на општината | |
Седларци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиПиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, северозападниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри.
Надморската височина во селото е 263 метри додека селото зафаќа површина од 4,3 км2. Од нив, 232 хектари се обработливо земјиште, 139 хектари се шуми и 36 хектари се пасишта [2]
Историја
уредиАнтички период
уредиОва населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Киров Рид. Претставува населба од доцноантичкото време. На 500 м источно од селото, на левата страна од патот Седларци-Ангелци, во нивата на П. Лазаров се откриени два големи питоса и се среќава голем број фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Во наоѓалиштето има и остатоци од топена железна руда[3].
Отоманско Царство
уредиВо текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 28 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Македонци[4][6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 104 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[4][7].
Југославија
уредиПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во селото бил формиран НОО од страна на Киро Минанов[8]. По крајот на Втората светска војна, Седларци било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]
Во 1961 година селото имало 280 жители, сите Македонци. Во 1994 година во селото живееле 334 жители, сите Македонци[2].
На пописот од 2002 година, селото имало 343 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 343 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Седларци има 246 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 207 |
Албанци | 0 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 39 |
Институции и знаменитости
уреди- Основно училиште „Гоце Делчев“
- Спортско игралиште
- Црква „Св. Димитриј“
- Манастир
- Селска чешма
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1795 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 301 гласач.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.259.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
уреди- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Седларци“ на Ризницата ? |