Зрзе

село во Општина Долнени

Зрзесело во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Зрзе

Поглед на Зрзе

Зрзе во рамките на Македонија
Зрзе
Местоположба на Зрзе во Македонија
Зрзе на карта

Map

Координати 41°31′00″N 21°21′11″E / 41.51667° СГШ; 21.35306° ИГД / 41.51667; 21.35306
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 39 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20043
Надм. вис. 720 м
Слава Преображение Христово
Зрзе на општинската карта

Атарот на Зрзе во рамките на општината
Зрзе на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Панорама на селото

Зрзе е познато село во околината на Прилеп на северозападната страна на Пелагонија.[2] Се наоѓа во крајниот северозападен дел на Прилепското Поле недалеку од Порече. Сместено е на територијата на Општина Долнени на границата со соседната Општина Македонски Брод. Западно од Зрзе е високиот варовнички масив на планината Даутица, додека на исток се простира пространа плодна низина. Селото е планинско на надморска височина од 720 метри.[3] Од градот Прилеп е оддалечено 33 километри. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Костинци на исток, Сливје и Рилево на југ, Крапа на запад и Маргари и Долгаец на север. Зрзе е вовлечено е во еден дол на кој има прекрасен поглед од познатиот манастир. По селските улички се гледаат многу варовнички блокови, па затоа и куќите и оградите се изградени од варовнички камен. Варовничкиот состав на почвата придонесува селото Зрзе да е богато со вода и да има изобилство од бистри и студени извори, по кои е најпознато село во целиот крај. Благодарение на изобилството од вода, селото Зрзе е познато и по многубројните оревови дрвја. Над познатиот манастир избива силниот извор – врелото наречено Извор, на чии води е малиот рибник во дворот на манастирот веднаш до црквата, а од него извира и потекува и селската рекичка. Од неговите води меле и селската воденица. Роднинските куќи се групирани и делови од селото се наречени според поголемите родови како: Стамболџиовци, Срмановци, Заревци, Влкановци итн. Атарот зафаќа простор од 12,5 км2, на кои обработливото земјиште зазема површина од 460,2 хектари, на шумите отпаѓаат 495,9 ха, а на пасиштата 166,4 хектари,[3] со што селото има полјоделско-шумарска функција. Деловите на атарот во полето ги носат следните имиња: Кленче, Дабја, Бара, Веселница, Нерезиње, Вирои, Митано, Лопатарица, Садои, Бојаник, Лизгаец, Калуѓерица, Дрење, Огледало, Тополи, Огради и Дишароец. Деловите на атарот на планината се нарекуваат: Старец, Мала и Голема Тумба, Мала Краста, Кале, Градиште, Манастириште (3 км југоисточно од Зрзе во правец на Сливје), Јанков Рид, Широка Орница, Зли Камен, Дамјаница (пештера западно од селото), Рамниште, Бегоа Корија, Присојница, Јанкои Плочи, Орлов Камен, Илина Вода, Стар Забел, Бабин Шопур, Рамни Габер, Ореов Дол, Леска, Тосков Рид, Папрадиште, Гркоица, Ѓуроа Глава, Магарешка Чука.[2]

Историја

уреди

Во историјата Зрзе се споменува уште пред XIV век како Мали Мисир, а подоцна и како Зорба. Селаните на Зрзе велат: „Кај да копаш во селово има гробови и други старини“. Тоа покажува дека на местото на денешното село Зрзе имало население уште од дамнешни времиња.[2] Над Зрзе на падината на Даутица се наоѓа манастирот Свето Преображение кој бил подигнат од монахот Герман во времето на царот Душан (1345-1355). После смртта на Крали Марко и наездата на Турците во 1394 манастирот се запустил за кратко време, а околу 1400 година бил обновен од Кмет Константин со синовите.[2] Од почетокот на XIX век манастирот започнал да напредува повеќе отколку порано. Кон средината на XVI дошло до обнова на прекрасниот и прочуен фрескоживопис на црквата. Некогаш овој манастир бил окружен со заштитни ѕидови. Камењата од ѕидот во 1930 година биле употребени за градење на манастирските конаци. Некои истражувачи наведуваат дека во манастирот во Зрзе постои „кула на кралот Волкашин“. Над манастирот има урнатини од малечка тврдина. Во самото село Зрзе е црквата посветена на Света Недела, а исто така има остатоци од ѕидови од четири други црквишта: Света Петка, Свети Архангел, Свети Атанасиј и Свети Филип.[2] Над манастирот е петтото црквиште кое се вика Свети Врачи и крај кое има месност која се вика Трговиште, каде е можно во минатото да се одржувал манастирски панаѓур на кој се тргувало. Во селото постои црквата Свети Никола која што е веројатно изградена во втората половина на XIV век, а била живописана во 1535 година.[3]

Некогаш Зрзе имало само седум доселени македонски христијански домаќинства.[2] Од нив се намножиле родовите: Барбешовци, Брајановци, Заревци, Стамболџиовци, Влкановци и Саботковци. За време на турското владеење во Зрзе постоеле два чифлига чии сопственици биле Адерман-бег (нему му припаѓала и Бегоа Корија) и Сали Марко, кои биле Македонци-муслимани од Дебар. Во тоа време и селскиот манастир имал 136 хектари земја од кои 50 хектари под шума. Во Зрзе имало и малку „рајатска“ (слободна) земја во сопственост на семејства од селото.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Зирза и имало 45 семејства, 2 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[4]

После 1912 година селаните ја купиле земјата од чифлизите.[2] Манастирот имал поголема површина своја земја до 1946 година, кога му биле оставени само 10 хектари посед. Селска слава е Петровден кога секоја куќа прима 15 до 30 гости. Бројот на домаќинства низ XX век изнесувал: 78 во 1921 г., 103 во 1948 г., 106 во 1961 г., 108во 1971 г. Во 1954 година во селото имало 103 домаќинства.

За време на бугарското владеење во Македонија за време на Втората светска војна, во селото Зрзе на 6 мај 1943 година е создадено читалиште „Егзарх Јосиф“ од тамошните селани.[5]

Во селото во периодот 1941-1944 година функционирало народно основно училиште по име по име „Пере Тошев“[6].

Стопанство

уреди
 
Традиционална куќа во селото

Врз основана поволните услови на самата местоположба, економијата на селото Зрзе се заснова на земјоделство и сточарство. Според составот н атарот Зрзе има мешовита полјоделско-шумарска функција.[3] Од полјоделството најмногу произведува тутун, житни култури - пченица и пченка, на здрава еколошка храна, месо, сирење, итн. Поради изобилството од бистра вода, Зрзе е далеку познато по многуте оревови дрва со многу јадри и убави ореви, кои на големо се берат кон крајот на месец септември. Изобилството од вода условило и развој на градинарството односно одгледувањето краставици, патлиџани, кромид, лук пред сѐ за сопствени домашни потреби. Поволните услови влијаат и на развој на сточарството од кое најмногу се одгледуваат кози, а во помала мерка и крави и овци од чие млеко се прави сирење. Во Зрзе е застапено и овоштарството кое покрај многуте ореви вклучува и одгледување и берба на модри и ситни сливи, јаболка, круши, грозје. Некои жители се занимаваат и со собирање на планински чај и шумски плодови.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948724—    
1953753+4.0%
1961703−6.6%
1971503−28.4%
1981260−48.3%
ГодинаНас.±%
1991102−60.8%
199497−4.9%
200264−34.0%
202139−39.1%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г, Зрзе било село со 80 домаќинства и 340 жители Македонци.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Зрзе живееле 400 жители, сите Македонци.[8] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зрзе имало 400 Македонци, патријаршисти.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зрзе се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 50 куќи.[10]

За време на Првата светска војна, Зрзе било вклучено во општина Костинци и имало 549 ​​жители.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[12]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 64 жители, сите Македонци.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 36 Македонци, 1 Влав и 2 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 400 400 724 753 703 503 260 102 97 64 39
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови

уреди

Зрзе е македонско село.

Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:

  • Доселеници со непозната потекло: Влкановци (12 к.), Брајановци (7 к.), Заревци (7 к.), Барбешковци (3 к.), Димовци (10 к.), Глаучовци (4 к.), Црцановци (3 к.) и Бошковци (2 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Срмановци (13 к.) доселени се од некое село во Дебарско; Гебевци (10 к.) доселени се од селото Патец, Кичевско; Бујуковци (2 к.) и Ветовци (2 к.) доселени се од селото Долгаец, каде биле староседелци, првиот род, таму припаѓал на родот Поповци, а вториот на родот Куковци; Соповци (2 к.) доселени се од денес раселеното село Барбарос, Порече.[2]

Самоуправа и политика

уреди
 
Зградата на поранешното училиште во коешто е сместено избирачкото место

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1483 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Никола“
Манастири[21]
Цркви[21]
Археолошки наоѓалишта[22][23]

Иселеништво

уреди

Се знае за овие иселеници од Зрзе: Богдановци се иселиле во селото Патец. Соколовци живеат во Заполжани. Спироски живеат во крушевското село Алданци. Стамболџиовци живеат во Сливје. Домазетоски живеат во поречкото село Локвица. Саботковци биле стар селски род, кој уште во турско време дел се иселил, а дел изумреле.[2] По Втората светска војна најголем дел од населението на Зрзе се иселило во Прилеп, Скопје, а помал дел и во странство.

Личности

уреди
Родени во Зрзе
  • Стефан Шиндилов (? - 1907) — македонски револуционер.
  • Боце Станоја Мојсовски (1908 - ?) — четник, дел од равногорското движење на Дража Михајловиќ. Го помагал Миливој Трбиќ, и ги исполнувал сите негови наредби.[24]
  • Ангеле Велјан Станковски (роден 1911, 1913 или 1914 - ?) — четник. бил симпатизер на равногорското движење на Дража Михајловиќ.[24]
  • Трајко Колев Трајков - кметски намесник во периодот на 1941-1944 година.[25]
  • Петар Митев Петров - учител и библиотекар во периодот од 1941 до 1944 година.
  • Илија Христов Колев - учител и библиотекар во периодот од 1941 до 1944 година.[25]
  • Јордан Николов Стојков, припадник во планинска дивизија, 2. планински пешадиски полк, 4. чета, убиен на 29 окт. 1917 година на Кала тепе/ село Черниште, Дојранско[26]
  • Диме Црцан, убиен во септември 1905 година од четата на србоманскиот војвода Глигор Соколов.[27]
  • Петар Константинов, главен инспектор на српските училишта, српски деец, активист на српската пропаганда во Македонија убиен од ВМОРО во 1901 г.[28]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 375–377.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија. стр. 132.
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.75
  5. ЦДА - Софија, фонд - 264К АЕ 6928
  6. Државен весник на Бугарија, број 180, 15 август 1942.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  8. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  11. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917“.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 април 2020.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 1 април 2020.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. 21,0 21,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 21. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  23. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998.
  24. 24,0 24,1 . Александар Симоновски, Миливој Трбиќ (1913 - 1947), ИНИ, Скопје 2018. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. 25,0 25,1 ЦДА – Софија, фонд 264К, опис 2, а.е. 6928
  26. ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 452, л. 4; оп. 3, а.е. 12, л. 61
  27. Весник „Пелистерско ехо“, број 92, 1943.
  28. „Тихомир Ѓорѓевиќ: "Македонија", 1918 година“. 2023-07-04.

Надворешни врски

уреди