Мажучиште — село во Општина Прилеп, во Прилепското Поле, во околината на градот Прилеп.

Мажучиште
Mažučište view.jpg

Панорама на Мажучиште

Мажучиште is located in Македонија
Мажучиште
Местоположба на Мажучиште во Македонија
Координати 41°23′6″N 21°29′54″E / 41.38500° СГШ; 21.49833° ИГД / 41.38500; 21.49833Координати: 41°23′6″N 21°29′54″E / 41.38500° СГШ; 21.49833° ИГД / 41.38500; 21.49833
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 346 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 670 м
Мажучиште на општинската карта
Мажучиште во Општина Прилеп.svg

Атарот на Мажучиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Мажучиште на Ризницата

Географиja и местоположбаУреди

 
Куче кое гледа кон Мажучиште и Прилепско Поле од околниот рид

Селото Мажучиште е рамничарско село. Сместено е во Прилепско Поле, оддалечено 8 километри северно од градот Прилеп. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на југоисток, Големо Коњари на југозапад, Заполжани на запад и Новоселани, Сенокос и Горно Село на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R513 Прилеп - Македонски Брод - Кичево.

ИсториjaУреди

Мажучиште е старо село, што се гледа по старите родови кои претежно живеат во Горно Маало.[1] За време на ослободувањето од Турците, селото е затекнато како чифчиска населба, при што само 10 домаќинства имале своја земја. Сопственици на чифлиците биле: Аџи Муто, Аџи Мето, Шериф, Мамуд, Дурмиш, Асан, Мамут Дуро од Прилеп и Рамадан Курто од Дебар.[1]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[2]

СтопанствоУреди

 
Грозје од сортата Вранец во Мажучиште

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мажучиште живееле 640 жители Македонци.[3]

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 256 Македонци, егзархисти.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Мажучиште живеат 346 жители, сите Македонци.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 320[3] 256[4] 554 621 610 474 465 381 362 346

РодовиУреди

Мажучиште е македонско село.

Родови во Мажучиште се:

  • Староседелци: Апостоловци (19 куќи), Черговци (15 куќи), Барџевци (6 куќи) и Солевци (7 куќи). Черговци и Барџевци порано чинеле еден род.
  • Доселеници: Кондевци (7 куќи) доселени се од поречкото село Грешница; Жежовци (4 куќи) доселени се од охридско; Шербановци (1 куќа) доселени се од Дебреште; Дековци (6 куќи) од селото Сенокос најпрво се населиле во Големо Мраморани, во денешното село се доселени 1897 година; Чибуковци (4 куќи) порано биле еден род со Дековци; Шумкаровци (10 куќи) од Галичани се иселиле најпрво во Беровци, па во денешното село од 1900 година; Клацковци (3 куќи) доселени се во 1900 година од селото Дупјачани; Големковци (2 куќи) од Дупјачани најпрво се иселиле во Сенокос, па во денешното село од 1900 година; Пејовци (1 куќа) доселени се во 1900 година од Долно Житоше; Апчевци (1 куќа) доселени се пред 1912 година од селото Беровци, во Беровци имаат истоимени роднини доселени од Прилеп; Шишковци (1 куќа) доселени се кога и Апчевци од Заполжани; Нешковци (3 куќи) доселени се после Втората светска војна од селото Гостиражни.[6]

Општествени установиУреди

Администрација и политикаУреди

 
Параглајдер лета над Мажучиште

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 1446 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 237 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитостиУреди

Во селото се наоѓа црквата „Пресвета Богородица“.

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

Поглед од ридот во близина на Мажучиште

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. pp. 399–400.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.58
  3. 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  4. 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  7. "Описи на ИМ". Посетено на 3 ноември 2019.
  8. "Претседателски избори 2019". Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врскиУреди