Пенуш

село во Општина Штип

Пенуш — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Пенуш
Пенуш во рамките на Македонија
Пенуш
Местоположба на Пенуш во Македонија
Пенуш на карта

Карта

Координати 41°42′43″N 22°06′25″E / 41.71194° СГШ; 22.10694° ИГД / 41.71194; 22.10694
Општина Штип
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30042
Надм. вис. 260 м
Пенуш на општинската карта

Атарот на Пенуш во рамките на општината
Пенуш на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на западниот дел на територијата на Општината Штип, од левата страна на Брегалница. Селото е рамнинско, на надморска височина од 260 метри.[2]

До самото село води макадамски пат, кој се двои од локалниот пат до селото Драгоево, кој пак започнува од регионалниот пат 1204 кај селото Софилари.

Пенуш се граничи со селата: Тестемелци и Софилари на север и североисток, Драгоево на југоисток, Скандалци на запад, и Топлик на југозапад.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Иљаница, Поп Баир, Каратал Баир, Ѓубреџик, Сеновар, Озрим, Качковица, Тефкалар, Баир Адри, Осој, Глава, Коџа Коки, Сулук Дере, Лугуж Талар, Кршај, Кавакли, Мазарлак и други.[3]

Историја

уреди

Подрачјето на Пенуш е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоци на некрополи и црква на наоѓалиштето Гробишта.[4]

Пенуш е едно од постарите села во долниот слив на Брегалница. Селото најпрвин живееле православни македонски родови. Подоцна, во селото почнале да се доселуваат Турци од Мала Азија, а Македонците се иселиле. Кога е извршена оваа смена на населението не се знае.[3]

Во сретселото, може да се забележат остатоци од македонски гробови во месноста Клиса. Можно е порано да постоело и црква.[3]

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, Кратовска каза, нахија Штип со 38 христијански семејства.[5]

Во 1912 година пред отпочнувањето на Балканските војни, селото било чисто турско. Тогаш, тоа имало 70 куќи со турско население, кое постепено се иселило од селото во 1935-1941 година, а во поголема мера по 1954 г.[3]

Јужно од селото се наоѓаат големи и добро зачувани муслимански гробишта. Порано во селото постоеле две теќиња од халветскиот ред. Едното се наоѓа сретсело кое сѐ уште е зачувано, додека другото во јужниот крај на селото е срушено. На неговото место се наоѓа гробот на дервишот Оџа-деде.[3]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е голем, зафаќа простор од 17,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 917 ха, на шумите отпаѓаат 341 ха. додека на обработливото земјиште 341 ха.[2]

Во основа, селото има земјоделско-сточарска функција.[2]

Власите биле доселени во селото поради поволните услови за сточарење. Откако добитокот е национализиран во 1947 година, само првите три домаќинства одгледувале околу 3.100 овци и 150 кози. Тие во летниот период ја чувале стоката на планините во Мариово, Битолско и Прилепско, додека зимно време престојувале во Пенуш.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948317—    
1953391+23.3%
1961154−60.6%
1971156+1.3%
198158−62.8%
ГодинаНас.±%
199148−17.2%
199439−18.8%
20028−79.5%
202117+112.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото живееле 250 жители, сите Турци.[6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Пењуш (Penjuš) како турско село.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 25 до 50 Власи.[8]

Населбата е мала, во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година селото броело 254 жители, од кои 212 Власи, 38 Турци, 3 Албанци и еден Македонец. Во 1994 година тоа броело само 48 жители, турско население.

На пописот од 2002 година, селото имало 8 жители, Турци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 8 Турци и 9 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 317 391 154 156 58 48 39 8 17
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Родови

уреди

Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:

Турски

  • Асанлар (2 к.), Асан-Шабанлар (2 к.), Реџеп-Агушлар (1 к.), Тафит (1 к.), Усеин (1 к.) и Мамут (1 к.) последниот род се доселил од блиското село Доброшани, а сите други живеат тука од турско време.

Влашки

  • Доселеници: Зикови (3 к.) и Димови (1 к.) се првите Власи во селото, доселени во 1938 г. од тиквешкото село Пепелиште. Зикови потекнуваат од браќата Атанас и Михаил. И основачот на родот Димови се викал Атанас. Ѓорѓиеви (3 к.), Димови (2 к.), Стерјови (2 к.), Наумови (1 к.), Јаневи (1 к.), Митреви (2 к.), Михајлови (1 к.), Ташкови (3 к.), Михајлови (1 к.), Николови (1 к.), Накови (2 к.), Атанасови (2 к.), Кркови (2 к.), Спирови (1 к.) и Михајлови (1 к.) доселени се во 1954 г. од околината на Виница, Радовиш, Велес и од Тиквеш. За родот Ташкови се зборува дека се доселени од селото Доброшани, во истата област.[3]

Општествени установи

уреди

Кон крајот на XIX век, Пенуш било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Штип, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Штип.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Штип.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Драгоево, во која покрај селото Пенуш, се наоѓале и селата Едеклерци, Јамуларци, Селце, Скандалци, Софилари, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали и Црешка. Селото припаѓало на Општина Драгоево во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Драгоево, Пенуш, Селце, Софилари, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Хамзали и Црешка.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2307 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на амбуланта на селото Драгоево.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 179 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[4]
  • Гробишта — средновековна црква со некропола

Иселеништво

уреди

Турското население е иселено во Турција во два брана, едните помеѓу 1935-1941 г. кога се иселиле околу 10 семејства, а другите за време на СФРЈ во 1954 г. Поголемиот дел од семејствата денес живеат во Акхисар и Измир, а помалку и во Истанбул.[3]

Во градот Штип живее родот Пенушиеви, чиј прадедовци се иселиле од селото.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 231.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Трифуноски, Јован; Нетков, Васил (1964) [1962-1963]. Денешни села и население во долниот слив на Брегалница. III. Штип: Зборник на Штипскиот народен музеј. стр. 41–43.
  4. 4,0 4,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од  1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.289
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди