Градец (Валандовско)

село во Општина Валандово
За други значења на поимот Градец видете на појаснителната страница

Градец — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.

Градец
Градец во рамките на Македонија
Градец
Местоположба на Градец во Македонија
Градец на интерактивна карта

Карта

Координати 41°22′45″N 22°24′05″E / 41.37917° СГШ; 22.40139° ИГД / 41.37917; 22.40139Координати: 41°22′45″N 22°24′05″E / 41.37917° СГШ; 22.40139° ИГД / 41.37917; 22.40139
Општина Валандово
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 04008, 04508
Надм. вис. 105 м
Градец на општинската карта

Атарот на Градец во рамките на општината
Градец на Ризницата
Градец во 1931 г.
Селани од Градец во почетокот на XX век

Географија и местоположба Уреди

Градец се наоѓа во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар на магистралниот пат Е75 Скопје - Гевгелија во општина Валандово. Селото е сместено на подножјето на Градечка Планина на надморска височина од 105 метри. Природата го обдарила со богата шумска вегетација и со 4 убави реки, а господ го заштитил со 6 светци кои го чуваат селото од сите страни.

Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите се иселени во Удово во 1960-тите години.

Историја Уреди

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[2]

Население Уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948580—    
1953613+5.7%
1961558−9.0%
1971355−36.4%
198124−93.2%
ГодинаНас.±%
19914−83.3%
19940−100.0%
200200.00%
20213—    

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 550 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 712 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 550 712 580 613 558 355 24 4 0 0 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи Уреди

Цркви[9]
Археолошки наоѓалишта[11]
  • Градиште — градиште од доцноантичкото време;

Самоуправа и политика Уреди

Избирачко место Уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 291 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Удово.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи.[13]

Личности Уреди

Наводи Уреди

  • Монографија Градец - Скопје; Илија Московски
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  10. Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовско Градец[мртва врска]
  11. Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 11.

Надворешни врски Уреди