Кочиште
Кочиште — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Кочиште | |
Поглед на селото Кочиште | |
Координати 41°20′40″N 21°10′17″E / 41.34444° СГШ; 21.17139° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 16012 |
Надм. вис. | 746 м |
Слава | Св. Никола[2] |
Кочиште на општинската карта Атарот на Кочиште во рамките на општината | |
Кочиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 730 метри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 820 хектари, на пасиштата отпаѓаат 184 хектари, а на обработливото земјиште 175 хектари.[3]
Околни села: Брезово од запад, Радово и Растојца од југ, Острилци од исток, Долно Дивјаци и Зашле од север, како и со градот Крушево од североисток.
Историја
уредиСелото се споменува во отоманските документи од 1639 година (помеѓу 2 и 11 јули), во една гаранција за заем, каде што е запишано дека жителите од село Кочиште - Демирхисарско, зеле 5.700 акчиња на заем од лицето познато како Базирѓан-заде. Како гарант се јавува Али, субашија.[4]
Во XIX век, Кочиште било село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото има поледелско-шумарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кочиште имало 320 жители, од кои 120 Македонци христијани и 200 Албанци муслимани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кочиште имало 296 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кочишта се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 19 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Кочиште е мало село, кое во 1961 година броело 274 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 45 жители македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 38 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 296 | 267 | 284 | 274 | 177 | 110 | 57 | 45 | 38 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиКочиште е македонско село, а во минатото имало и Албанци во селото.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[14]
- Староседелци: Златановци или Најдовци (3 к.), Ристевци (1 к.), Трајчевци (2 к.) и Сиљановци (1 к.). Трајчевци пред 1903 година избегале во Растојца, па се вратиле. И Сиљановци избегале во Крушево, па се вратиле.
- Доселеници: Јанкуловци (2 к.), Јоновци (5 к.) и Стевановци (1 к.), доселени се од селото Радово, Јанкуловци од османлиско време живее во селото, а останатите два рода се доселени после пропаста на Османлиите; Гроздановци (2 к.), доселени се во 1933 година од Крушево; Спасеновци (2 к.), Никодиновци (2 к.), Илијовци (9 к.), Јанкуловци (2 к.), Крстевци (2 к.) и Малци (1 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Зашле, таму имаат роднини; Шабан (1 к.), името го добиле по прекар. Доселени се преку Зашле од селото Брезово, таму припаѓале на родот Гаревци; Димовци или Вељановци (1 к.) и Митрушковци (2 к.), доселени се во 1914 и 1915 година од селото Растојца, таму имаат роднини; Петковци (1 к.) и Грујовци (4 к.), доселени се од селото Долно Дивјаци во 1915 година, таму имаат роднини; Петревци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Горно Дивјаци; Кузмановци (2 к.), доселени се во 1918 година од селото Слоештица.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долно Дивјаци, во која покрај селото Кочиште, се наоѓале и селата Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Зашле и Пуста Река. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 639 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[17]
- Грамаѓе — населба и некропола од доцноантичко време;
- Манастириште — сакрален објект од доцноантичко време;
- Ќерамидница — населба од доцноантичко време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
Личности
уреди- Стојан Златановски — македонски партизан
- Коста Илиовски — македонски партизан
Иселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:
- Од Златановци во: Крушево (едно семејство).
Галерија
уреди-
Стари куќи низ селото
-
Руинирана куќа во селото
-
Главната селска црква на ридот
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 160. Посетено на 20 декември 2016.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.48
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 декември 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.