Рожден

село во Општина Кавадарци

Рожден — село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Рожден

Панорама на селото

Рожден во рамките на Македонија
Рожден
Местоположба на Рожден во Македонија
Рожден на карта

Карта

Координати 41°11′12″N 21°57′10″E / 41.18667° СГШ; 21.95278° ИГД / 41.18667; 21.95278
Регион  Вардарски
Општина  Кавадарци
Област Мариово
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11036
Надм. вис. 920 м
Рожден на општинската карта

Атарот на Рожден во рамките на општината
Рожден на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел од Општина Кавадарци, под источната падина на планината Козјак, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри.[2]

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 81,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 6.939 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 436 хектари, а на пасиштата 270 хектари.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, Рожден било седиште на село истоимената нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948846—    
19531.028+21.5%
1961681−33.8%
1971446−34.5%
1981188−57.8%
ГодинаНас.±%
199130−84.0%
199427−10.0%
200221−22.2%
20215−76.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рожден имало 984 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рожден имало 640 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.[5]

Од селото се иселил поголем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, но денес доведена во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 681 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само 27 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Рожден имало 21 жител, од кои 19 Македонци и 2 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 2 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 984 640 846 1.028[8] 681[8] 446 188 30 27 21 5
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика

уреди
 
Главната селска црква „Св. Спас“
 
Споменик на НОБ

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Рожден се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Мрежичко.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, Р’жаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[16]
Споменици
Археолошки наоѓалишта

Рожден има голем број на археолошки наоѓалишта, од кои највеќето се од доцната антика, и многу од нив се потесно поврзани со металообработката како главна стопанска гранка во тоа време.[17]

  • Арничко — населба и некропола од доцноантичко време
  • Градиште — градиште од доцноантичко време
  • Долевица — населба и топилница од доцноантичко време
  • Дупкарови Колиби — населба и топилница од доцноантичко време
  • Ѓоновица — населба и топилница од доцноантичко време
  • Извор — населба и топилница од доцноантичко време
  • Крушите — населба и топилница од доцноантичко време
  • Манастир — населба и топилница од доцноантичко време
  • Пештерна Црква — сакрален објект од средниот век
  • Плочите — населба и топилница од доцноантичко време
  • Рамниште — населба и топилница од доцноантичко време
  • Рачеви Плевни — населба и топилница од доцноантичко време
  • Рулевец — населба и топилница од доцноантичко време
  • Св. Петар — сакрален објект од средниот век
  • Сиви Кладенец — топилница од доцноантичко време
  • Чакови Колиби — населба и топилница од доцноантичко време

Редовни настани

уреди

Во Рожден од 1980 година редовно на Ѓурѓовден се одржуваат „Рожденски средби“ на кои доаѓаат сите иселеници од местото. Во присуство на две до три илјади луѓе се спроведуваат црковни обреди со јавни наддавања за донирање на разна стока од чија продажба се собираат средства за црквата. На овие средби учество земаат и естрадни уметници, а се држи и говор за загинатите од НОБ, по што следи полагање венец крај споменикот на 11. жртви од НОБ со кои Рожден е второто село од Општина Кавадарци по бројот на загинати војници по Ваташа. Средбите се со долга традиција и тоа е прилика во која се среќаваат роднините и пријателите по потекло од ова село, кои живеат во странство и специјално доаѓаат за средбата.

Култура и спорт

уреди

Од 2016 година, низ селото поминува патеката за долгиот маратон во планински велосипедизам на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 261. Посетено на 10 декември 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 декември 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. 8,0 8,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 10 декември 2017.
  14. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-07-04. Посетено на 10 декември 2017.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 159-160. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди