Дражево
Дражево — село во Општина Ново Село, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.
Дражево | |
Координати 41°22′23″N 22°55′23″E / 41.37306° СГШ; 22.92306° ИГД | |
Општина | Ново Село |
Население | 234 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2436 |
Шифра на КО | 27026 |
Слава | Мала Богородица |
Дражево на општинската карта Атарот на Дражево во рамките на општината | |
Дражево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Дражево се наоѓа на југоисточниот дел од Македонија, во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 330 метри. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 29 километри. Низ селото поминува Дражевска Река, која го дели селото на два дела.
Селото се граничи со Смолари, Бајково, Ново Коњарево, Старо Коњарево и соседна Грција (Егејска Македонија).
Историја
уредиЛегенди за името
уредиСе смета дека селото го добило името според машкото име Дражен или Драган. Втората легенда вели дека на луѓето им било драго што живеат овде, па затоа селото било наречено Дражево.
Отоманско Царство
уредиПрвпат селото се споменува во пописот од 1519 година, спроведен од Турците, кога селото имало само 5 семејства под името Дражева[2].
Пред Балканските војни, селото се наоѓало во состав на Петричката околија.
Југославија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дражово живееле 380 жители, сите Турци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
Населението масовно се иселува од селото, па така иако на пописот од 1971 година имало 649 жители, на пописот од 2002 година Дражево брои само 462 луѓе[5].
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 462 жители, од кои 460 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 234 жители, од кои 200 Македонци, 1 Србин и 33 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 380 | — | 500 | 516 | 604 | 650 | 629 | 573 | 467 | 462 | 234 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Општествени установи
уредиВо селото има пошта, основно четиригодишно училиште, амбуланта, матична служба, месна заедница и водовод.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1783 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 479 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Дражевска Река
- Јавор
Редовни настани
уредиВо горниот дел од Дражево, се наоѓа црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а селската слава се празнува на 21 септември.
Култура и спорт
уредиВо селото опстојува и спортскиот клуб „Беласица“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 562-566
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 187.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2009-01-11.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски
уреди„Дражево“ на Ризницата ? |