Радња
Радња — село во Општина Кавадарци, во околината на градот Кавадарци.
Радња | |
Координати 41°16′34″N 22°13′01″E / 41.27611° СГШ; 22.21694° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11033 |
Радња на општинската карта Атарот на Радња во рамките на општината | |
Радња на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Бошава, на северните падини на планината Кожуф.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радња живееле 370 жители, сите Македонци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[3]
Селото е иселено и според пописот од 2002 година, во селото немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | — | 174 | 130 | 92 | 35 | 6 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиРадња е македонско село.
Според истражувањата од почетокот на 1920-тите, родови во селото се:
- Доселеници: Велковци (7 к.) и Пројчевци (2 к.) доселени се во почетокот од XIX век од мариовското село Полчиште. Таму се викале Татаровци; Стребреновци (12 к.) доселени се кога и претходниот род, исто така од Мариово, но од селото Градешница; Лесковци (7 к.) потекнуваат од браќата Митре и Милко. Они се доселиле на почетокот од XIX век од мегленското село Лесково; Алчиновци (6 к.), Весковци (2 к.), Самарџијовци (1 к.) и Кантарџијовци (4 к.) доселени се на почетокот од XIX век од маривското село Рожден, само последниот род е доселен малку подоцна; Златевци (3 к.) и Дановци (1 к.) доселени се на почетокот од XIX век од некое село во Мариово; Мишовци (3 к.) и Ѓешовци (2 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Пожарско кај Воден; Поповци (2 к.) доселени се од селото Корешница; Родевци (2 к.) доселени се од селото Родево кај реката Кара Азмак; Ристовци (1 к.), Ѓошевци (1 к.) и Мурџевци (1 к.) сите се доселени од селото Зборско; Баовци (1 к.) доселени се од селото Баово во Меглен; Темелковци (1 к.) и Трајановци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Петревци (2 к.) доселени се од селото Ума, Гевгелиско; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Драчевица; Тапанџиовци (1 к.) и Крстевци (1 к.) доселени се од селото Бохула; Марини (1 к.) и Чала Костовци (1 к.) доселени се од селото Барово.[9]
Личности
уредиЛичности родени во Радња:
- Румена Аврамова — учесник во НОВ на Македонија.
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ од XIX век во рушевини
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Под Селото — некропола од римско време
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 156. ISBN 9989649286.