Отвори го главното мени

Требиште

село во Македонија

Географиja и местоположбаУреди

Селото Требиште се наоѓа во западниот дел на Македонија, во регионот на Долна Река. Сместено е од десната страна на реката Радика, во пазувите на прекрасната Планина Дешат, поточно на врвот Крчин. изобилува со бујна шумска вегетација. Оддалечено е 23 километри североисточно од Дебар и 4 километри северно од општинскиот центар Ростуше.

ИсториjaУреди

ЕкономијаУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година во селото имало 832 Македонци (192 христијани и 640 муслимани).[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Требиште имало 336 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 765 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 303
Турци 277*
Роми 0
Албанци 159*
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 18*
Други 8

*. Жители кои се изјасниле како Турци, Албанци и Бошњаци, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 832[2] 336[3] 940 1.024 904 1.148 1.166 1.220 1.106 765

РодовиУреди

Требиште е македонско село. Поделено на Муслимани и Христијани.

Според истражувањата од 1920тите, родови во селото:

  • Поповско маало: Поповци, Кушеловци, Скилевци и Гиговци кои имаат (31 к.) и доселени се од околината на Бабуна (велешко) пред 200 години.
  • Аџиновско маало: Демировци (32 к.), Зенговци (6 к.) и Рустемовци (6 к.) доселени се од областа Матија во Албанија пред 400 години, и целосно се измешани со торбешкото население.
  • Јоџинско маало: Истрефовци, Кубуровци, Куртовци и Драчевци (33 к.) некои избегале во селото Бањица кај Гостивар. Во ова маало е и родот Садиковци (8 к.) доселен од селото Велебрдо пред 180 години.
  • Поречковци (4 к.) доселени се од областа Порече.
  • Анѓелковци (5 к.) доселени се од селото Броштица, дебарско.
  • Сараќиновци (4 к.) и Веловци (1 к.).[6]

Општествени институцииУреди

Администрација и политикаУреди

Културни и природни знаменитостиУреди

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 март 2013. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. 

Надворешни врскиУреди