Давидово

село во Општина Гевгелија

Давидово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Давидово

Сретселото на Давидово

Давидово во рамките на Македонија
Давидово
Местоположба на Давидово во Македонија
Давидово на карта

Карта

Координати 41°19′55″N 22°25′41″E / 41.33194° СГШ; 22.42806° ИГД / 41.33194; 22.42806
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 302 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2464
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06006
Надм. вис. 95 м
Давидово на општинската карта

Атарот на Давидово во рамките на општината
Давидово на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото од Давидовскиот манастир

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот северен дел на територијата на Општина Гевгелија, на десната страна на реката Вардар и железничката линија Скопје-Гевгелија. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Демир Капија и Валандово.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 95 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 33 километри.[2]

Историја

уреди
 
Давидово, 1931 г.

Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.[3]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Неговиот атар е голем и зафаќа површина од 25,2 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.556,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 228,8 хектари, а на пасиштата само 153,5 хектари.[2]

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во селото имало земјоделска задруга. Денес, има продавница и угостителски објект.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948362—    
1953332−8.3%
1961378+13.9%
1971419+10.8%
1981403−3.8%
ГодинаНас.±%
1991359−10.9%
1994364+1.4%
2002373+2.5%
2021302−19.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Давидово имало 170 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Давидово имало 288 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Селото е средно по големина, без некои поголеми промени во населеноста. Во 1961 година селото броело 378 жители, а во 1994 година 364 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Давидово имало 373 жители, од кои 370 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 302 жители, од кои 299 Македонци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 170 288 362 332 378 419 403 359 364 373 302
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Давидово било христијанско село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1955, селото било во рамките на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 364 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 265 гласачи.[16] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 259 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Брест — населба од доцноантичкото време;
  • Варијанта — населба и некропола од доцноантичкото време;
  • Градиште — населба од римското време;
  • Гробишта — доцноантичка некропола; и
  • Селиште — доцноантичка населба.
Цркви[19]
Манастири
Споменици
  • Споменици во чест на НОБ

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Давидово

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 91. Посетено на 26 мај 2017.
  3. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 мај 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 4 октомври 2021.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 100. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  21. . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди