Умово

село во Општина Студеничани

Умово — целосно раселено село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, јужно од градот Скопје. Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Умово
Умово во рамките на Македонија
Умово
Местоположба на Умово во Македонија
Умово на интерактивна карта

Координати 41°52′5″N 21°25′42″E / 41.86806° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.86806; 21.42833Координати: 41°52′5″N 21°25′42″E / 41.86806° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.86806; 21.42833
Општина Coat of arms of Studeničani Municipality.png Студеничани
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25136
Надм. вис. 775 м
Умово на општинската карта
Умово во Општина Студеничани.svg

Атарот на Умово во рамките на општината
Commons-logo.svg Умово на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија.

ИсторијаУреди

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 425 жители муслимани (Македонци).[2]

ДемографијаУреди

Според последниот попис од 2002 година, во селото Умово немало жители.

РодовиУреди

Умово било торбешко село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Јонузовци (37 к.) доселени биле од некое село Умово кај Дебар (дебарско). Доселени биле пред околу 270 години, се знае следното родословие: Зибер (жив на 78 г. во 1950 година) Асим-Амет-Етем-Алија-Суљо, кој се доселил. Јонузовци се делат на следните гранки: Мемедовци, Рашитовци, Имеровци, Шаиновци, Максутовци, Зенеловци, Аметовци, Абазовци, Ќаиловци, Везуловци, Саитовци и Зеадиновци; Алиовци (12 к.), Мамутовци (8 к.), Скендеровци или Дебрановци (14 к.), Јусуфовци (12 к.), Ноомалци (11 к.), Бектешовци (6 к.), Дичевци (3 к.), Аџовци (4 к.), Ејуповци (3 к.) сите овие родови имаат место на потекло како и првиот род; Карличовци (2 к.) доселени се од некое село Карлици во Дебарско; Дошлаковци (3 к.) доселени се од некое село во Река; Печковци (3 к.) они единствено потекнуваат од предок Албанец, кој кога дошол во селото зборувал албански, но мешајќи се со Торбешите го примил македонскиот јазик. Основачот на родот бил доселен од околината на Пеќ во Косово.[3]

ИселеништвоУреди

До 1950 година од селото имало иселено 29 семејства во Скопје, и во Турција 32 семејства.[3] Од тогаш до денес има уште повеќе иселеници, со што денес селото е целосно иселено.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
  3. 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Скопје: Филозофски факултет.

Надворешни врскиУреди