Горно Лакочереј
Горно Лакочереј — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Горно Лакочереј | |
Координати 41°10′6″N 20°48′18″E / 41.16833° СГШ; 20.80500° ИГД | |
Општина | Охрид |
Население | 446 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 19013, 19513 |
Надм. вис. | 722 м |
Горно Лакочереј на општинската карта Атарот на Горно Лакочереј во рамките на општината | |
Горно Лакочереј на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Горно Лакочереј е сместено во Охридската Котлина, 9 километри северно од градот Охрид. Ова село е претежно ридско - котлинско во кое селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и лозарство.
Историја
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Лакочереј живееле 130 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Лакочереј имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Лакочереј е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Горно Лакочереј е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 595 жители, а во 1994 година 582 жители, од кои 566 биле Македонци, 2 Албанци, 4 Срби и 10 други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 515 жители, од кои 511 Македонци, 1 Албанец, 2 Срби и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 446 жители, од кои 431 Македонец, 1 Влав, 1 останат и 13 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130 | 120 | 389 | 462 | 595 | 663 | 779 | 869 | 582 | 515 | 446 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиСелото Горно Лакочереј отсекогаш било македонско православно село, во селото има 4 родови и сите се доселенички.[11]
Родови во Горно Лакочереј се:
- Јосмовци (70 куќи) потекнуваат од предокот Никола Јосмо кој дошол во селото во XIX век заедно со неговите синови од селото Велестово. Познат е Димитри кој подоцна бил убиен од некој турчин, (по него најголемиот дел од Јосмовци го имаат презимето Димитриески). Димитри имал тројца синови: Јован (Јованче, Јонче), Сарафин и Симон Споменатиот Јован имал шест синови и пет ќерки. Од родот Јосмовци денес во селото се: Јосмовци, Сарафиновци, Симоновци, Иловци (Недески), Спировци, Стојаноски, Николоски и др.
- Дировци (20 куќи) доселени се од селото Вапила, таму припаѓале на родот Шандаковци;
- Тодоровци (10 куќи) доселени се од селото Куратица
- Шетковци (10 куќи) се доселеници со непознато место на старина.
- Стевовци (5 к.) доселени се од селото Вапила. Таму припаѓале на родот Милевци.
- Нечковци (5 к.) доселени се од селото Сирула.
- Анѓеловци (3 к.) доселени се од селото Велестово.
- Славевци (4 к.) доселени се од селото Речица.
- Целевци (2 к.) доселени се од селото Опеница.
- Расинци (1 к.) доселени се од селото Расино.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Доселеници: Анѓелевци или Брбаровци (2 к.) и Стојановци или Ристовци (3 к.) доселени се однекаде; Шетковци (3 к.) доселени се од некое село во Дебрца; Јосмовци (15 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Велестово; Ѓузеловци (4 к.) доселени се околу 1860 година од Куратица или Вапила; Кузмановци (2 к.) доселени се околу 1870 година од селото Вапила. Таму припаѓале на Климовци; Апостоловци (1 к.) доселени се околу 1878 година од селото Лешани во Дебрца; Речковци (2 к.) доселени се од селото Речица; Черкезовци (1 к.) доселени се од селото Косел; Бузевци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Велгошти; Ѓомлезаровци (1 к.) по потекло се од селото Сирула. А оделе од чифлик на чифлик; Пршковци или Анѓеловци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Куратица; Дировци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Вапила; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Сирула; Миленковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Плаќе; Опрашковци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Велестово; Мерковци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Сирула; Димовци (1 к.) доселени се во 1932 година од селото Долно Лакочереј; Маленковци (1 к.) доселени се во 1930 година од Охрид; Матевци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Опутовци или Василевци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Опеница; Деспотовци (1 к.) доселени се од селото Завој; Ѓоревци (1 к.) доселени се од селото Плаќе; Пешликовци (1 к.); Шилевци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Опеница.[12]
-
Стара куќа во јужниот дел на селото
-
Стара куќа во јужниот дел на селото
-
Стара куќа во јужниот дел на селото
-
Стара градба во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во средишниот дел на селото
-
Стара куќа во источниот дел на селото
-
Стара куќа во источниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
-
Куќа во средишниот дел на селото
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Верски градби[13]
- Лакочерејски манастир - манастир кој се наоѓа северозападно од селото;
- Црква „Вознесение Христово“ - главната и единствената црква на Горнолакочерејскиот манастир;
- Црква „Св. Никола“ - изградена на темели на црква од XIX век и осветена на 4 јуни 1995 година;
- Црква „Св. Атанасиј“ - изградена во 1963 година;
- Црква „Св. Илија“ - најновата селска црква. Почната да се гради во мај 2012 година;[14]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - камен темелник удрен во 2006 година;
- Споменици
- Споменик на паднатите борци на НОБ
- Археолошки наоѓалишта
- Горица — населба и некропола од римското време;
- Полица — средновековна населба;
- Салоко Ливада — средновековна некропола;
- Ќерија - Долчиња — населба од доцноантичкото време;
- Останато
- Опеничка Река - река која тече источно од селото
- Сончев рид - културно природна знаменитост која се наоѓа во непосредна близина на ова село.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиГалерија
уреди-
Западниот дел на селото.
-
Западниот дел на селото.
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Игралиштето во средишниот дел на селото
-
Спортскиот терен во средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Патот кој води до Лакочерејскиот манастир
-
Чешма во близина на црквата „Св. Илија“
-
Шума во близина на Лакочерејскиот манастир
-
Источниот дел на селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Охридско Поле. Архивски фонд на МАНУ АЕ 87/1.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Во Лакочереј ќе се гради црква Св. Илија“. Лихнид. 1 мај 2012. Посетено на 2013-03-21.[мртва врска]