Али Лобаси
Али Лобаси — раселено село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Али Лобаси | |
Куќа во новата викенд-населба Али Лобаси | |
Координати 41°41′48″N 22°28′47″E / 41.69667° СГШ; 22.47972° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Јуруклак |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 930 м |
Али Лобаси на општинската карта Атарот на Али Лобаси во рамките на општината | |
Али Лобаси на Ризницата |
Денес, во месноста на некогашното село, долж регионалниот пат 2431 се наоѓаат повеќе новоизградени куќи.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[2] Со оглед на тоа што селото е сместено на јужната падина на планината Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 930 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш.[2]
Низ самото село поминува регионалниот пат 2431.
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 4,8 км2.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Алил Оба имало 50 жители, сите Турци.[3]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Адил Обаси живееле 105 Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]
Во периодот меѓу двете светски војни населението на Али Лобаси забележило приметен раст, кој продолжил и во следните години. Така, во 1953 година во селото е попишано 181 лице. Во текот на 1950-тите населението драстично се намалило, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија, спаѓајќи на 51 лице во 1961 година. Во текот на таа, и наредната деценија бројот на жители многу значајно опаднал, за во 1981 година да се сведе на 9 лица, од кои само двајца биле Турци, а останатите 7 биле доселени Македонци.
Во 1980-тите селото целосно е напуштено.
Според пописот од 2002 година, Али Лобаси немало ниеден жител.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50 | — | 178 | 181 | 51 | 13 | 9 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Али Лобаси било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Али Коч, се наоѓале градот Радовиш и селата Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото било седиште тогашната Општина Калаузлија, во која влегувале селата Али Лобаси, Држанци, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар, Штурово и Чешме Маале.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1605 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште во селото Калаузлија. Во ова изборно место се опфатени селата Али Лобаси, Држани, Калаузлија, Каралобоси, Караџалар и Чешме Маале.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 219 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[13]
Галерија
уреди-
Куќа во месноста
-
Новоизградени куќи
-
Куќи во месноста
-
Чешма
-
Чешма во месноста
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 11. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 11 јануари 2022.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Али Лобаси на Ризницата ?