Кожле
Кожле — село во Општина Петровец, во областа Скопска Блатија, недалеку од градот Скопје.
Кожле | |
Кожленскиот манастир | |
Координати 41°50′26″N 21°40′55″E / 41.84056° СГШ; 21.68194° ИГДКоординати: 41°50′26″N 21°40′55″E / 41.84056° СГШ; 21.68194° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Скопска Блатија |
Население | 5 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25076 |
Надм. вис. | 500 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Ова село се наоѓа во областа Блатија, а на десниот брег на реката Пчиња, сместено на 35 километри од градот Скопје. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума кој ќе ве одведе право во селото.
ИсторијаУреди
Тврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања.
Во XIX век, Кожле било село во Скопската каза на Отоманското Царство.
На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.[2]
СтопанствоУреди
Од овој крај, освен руда имало и многу кварц, фелдспат и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски.
Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле.
Според податоците на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кожле живееле 585 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кожле живееле 344 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Од Кожле се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 196 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 13 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Кожле живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 1 Албанец и 4 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 585 | 344 | 384 | 309 | 196 | 130 | 70 | 29 | 13 | 14 | 5 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Кожле e македонско село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во Кожле се:
- Староседелци: Трајановци (3 к.), Поповци (3 к.), Китановци (7 к.), Марковци (3 к.), Ценовци (2 к.), Бошковци (3 к.), Шипковци (1 к.), Пашинци (2 к.), Пртеловци (1 к.), Цирановци (1 к.), Пурчиновци (4 к.), Мурџевци (4 к.) и Мишовци (1 к.).
- Доселеници: Дувневци (5 к.) и Домазетовци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Романовци (3 к.) доселени се од селото Романовце, Кумановско. Според друго предание доселени се од некое место Лаке во близина на селото Бадар.[11]
Општествени установиУреди
- Кожленски манастир со црква посветена на Мала Богородица
- Црква „Св. Спас“ - Кожле
- Црква „Св. Никола“ - Кожле
Редовни настаниУреди
Порано во селото редовно се одржувала козлечка средба, но во 1999 е прекината таа традиција.
ЛичностиУреди
Родени во КожлеУреди
- Гане Тодоровски (р. 11 мај 1929 - 22 мај 2010) — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.
- Коле Василевски — македонски универзитетски професор
- Ангелко Василевски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Александар Андреевски (1922-2005) — македонски академик, врвен лекар специјалист - оториноларинголог, доајен на модерната оториноларингологија во Република Македонија и пошироко[12]
- Теодор Трајанов (1882 - 1945) — бугарски поет, член на БАН[13]
Починале во КожлеУреди
- Константин Минов (1868 - 1905) — македонски свештеник, убиен од страна на ВМРО
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Авионот пронајден кај селото Кожле
- ↑ Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 207.[мртва врска]
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 162-163.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 27 ноември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „Почина академикот Александар Андреевски“. А1. Посетено на 2010-04-17. На
|first=
му недостасува|last=
(help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link) - ↑ „Поетична антология "България"“ (бугарски). Посетено на 2010-04-17.
Надворешни врскиУреди
„Кожле“ на Ризницата ? |
- Кожле - Село на попови и академици Архивирано на 4 март 2016 г.