Долно Палчиште
Долно Палчиште — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Долно Палчиште | |
Координати 41°58′5″N 20°55′33″E / 41.96806° СГШ; 20.92583° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 2.563 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1210 |
Шифра на КО | 28024, 28524 |
Надм. вис. | 465 м |
Долно Палчиште на општинската карта Атарот на Долно Палчиште во рамките на општината | |
Долно Палчиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 5 километри јужно од Тетово. Селото е рамничарско, на надморска височина од 560 метри. Атарот зафаќа простор од 8 км2.[2]
Историја
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Палчиште живееле 380 жители, од кои 200 Албанци и 180 Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Палчишта имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Долно Палчиште е центар на општина од 10 села и има 135 куќи со 860 жители, Македонци и Албанци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци и 250 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.345 жители и претставува голема населба.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.563 жители, од кои 2 Македонци, 2.465 Албанци, 3 Турци, 2 Бошњаци и 91 лице без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.300 |
1953 | 265 | 1.133 | 0 | 0 | 0 | 2 | — | 3 | — | 1.403 |
1961 | 166 | 1.242 | 57 | — | — | 2 | — | 4 | — | 1.471 |
1971 | 27 | 1.857 | 0 | 0 | — | 2 | — | 3 | — | 1.889 |
1981 | 21 | 2.383 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 10 | — | 2.414 |
1991 | 21 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 21 |
1994 | 19 | 2.601 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 1 | — | 2.621 |
2002 | 24 | 3.302 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 19 | — | 3.345 |
2021 | 2 | 2.465 | 3 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 91 | 2.563 |
Родови
уредиДолно Палчиште е мешано македонско-албанско село.
Според податоците од 1948 година, родови во селото се:
- Македонски:
- Сибиновци (5 к.) доселени се од местото селиште во атарот на селото Долно Палчиште, го знаат следното родословие: Пано (жив на 59 г. во 1940-тите) Симо-Никола, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (три семејства).
- Шолтаковци (16 к.) и тие се доселени од Селиште. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија (две семејства).
- Ѓурковци (8 к.) исто така доселени од Селиште. Кај нив е зачувано преданието дека уште подалечно потекло имаат од Љусна во северна Албанија. Го знаат следното родословие:: Стојан (жив на 35 г. во 1948 година) -Бојо-Јован-Аврам-Крсте-Спасен. Аврам се доселил од Селиште, додека Спасен дошол од северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (пет семејства).
- Столевци (4 к.) доселени се од денес раселеното село Дрвик кое постоело јужно од Долно Палчиште, а таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Романија.
- Наумовци и Клиповци (10 к.), првите потекнуваат од Митре, а вторите од Столе. Митре и Столе биле браќа кои се доселиле од селото Брод, Гора, денес во Косово. Избегале од страв да не бидат потурчени, а го знаат следното родословие:: Јоше (жив на 60 г. во 1948година) -Гаве-Наум-Митре, еден од браќата кои се доселиле. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Романија (едно семејство).
- Јанковиќ (1 к.) доселен од околината на Врање околу 1920-тите години.
- Албански:
- Десовци (13 к.), Торбеши (12 к.), Мачоре (2 к.), Џелоке (9 к.), Авиќе (10 к.), Ќоте (3 к.), Ода (7 к.), Чанго (9 к.) и Читак (11 к.). Овие се поалбанчени родови и на повеќето родови потеклото им е од областа Гора. Некои дошле преку торбешките села Урвич и Јеловјане.
- Царе (7 к.), Селимџикве (32 к.), Чајан (14 к.), Црнољеве (4 к.), Дрник (17 к.), Кушове (6 к.) и Лисец (3 к.) сите родови се со потекло од северна Албанија. Некои не дошле директно во Долно Палчиште, туку најпрво се населувале во разни полошки села па овде. Сите родови се доселени до средината на XIX век.[10]
Општествени установи
уреди- цркви
- Црква „Св. Спас“[11][12] - изградена во 1922 година, а истата година и осветена.[13]
- Црква „Св. Атанасиј“[12]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2061, 2062, 2062/1 и 2063 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.306 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Дервиш Цара - водач на востание на албанското население против османлиската власт
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.108
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 212.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122 – 123.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-01-11.
- ↑ 12,0 12,1 Булевски, Јован (6 јуни 2010). „Во Црквата Свети Атанасиј и Свети Спас во тетовското село Долно Палчиште, денеска беше одржан традиционален црковно-народен собер на првата недела од започнувањето на Петровденските пости“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-11.
- ↑ Михајловска, Лилјана (21 јуни 2009). „Црковно народен собир во Долно Палчиште“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-01-11.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.