Дурачка Река

село во Општина Крива Паланка

Дурачка Река — село во областа Дурачка Река, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Дурачка Река

Улица низ селото

Дурачка Река во рамките на Македонија
Дурачка Река
Местоположба на Дурачка Река во Македонија
Дурачка Река на карта

Карта

Координати 42°11′2″N 22°21′36″E / 42.18389° СГШ; 22.36000° ИГД / 42.18389; 22.36000
Регион  Североисточен
Општина  Крива Паланка
Област Дурачка Река
Население 250 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1330
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15017
Надм. вис. 973 м
Слава Света Троица
Дурачка Река на општинската карта

Атарот на Дурачка Река во рамките на општината
Дурачка Река на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на маала на селото Дурачка Река

Селото се наоѓа во областа Дурачка Река, во југоисточниот дел на територијата на Општина Крива Паланка, на неколку километри оддалеченост од градот Крива Паланка, поради што припаѓа на неговата рурбална зона. Неговиот атар се издига високо на Осоговските Планини.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 800 до 1.140 метри.[2]

Дурачка Река се наоѓа југоисточно од градот Крива Паланка, во долината на истоимената река.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Клисура, Кошарски Дол, Вигње, Самоков, Самоковски Дол, Шупљи Камен, Лазовски Дол, Долишта, Шоповски Дол, Заградски Дол, Срчово и Којдумски Дол.[3]

Селото има особен разбиен тип. Се разликуваат маала кои се именувани по родовите, па така има маала колку и родови, односно 14.[3]

Средишно маало е Меанџиското, каде се сместени училиштето, задружниот дом и селските гробишта.[3]

Историја

уреди

Раширено е мислењето дека селото е едно од најстарите села во околината на Крива Паланка. По народното предание, селото има тешки и добри периоди, но никогаш не пропаднало. На месностите Самоков, Самоковски Дол и Вигње се сретнуваат старини. На месностите Самоков и Вигње се сретнувале остатоци од рударството во овој крај. Рударските и топилничарските работи во селото престанале во средината на XIX век.[3]

Познатиот Осоговски манастир имал поседи на атарот на селото до Втората светска војна, кога земјиштето било предадено на селаните. Тоа било најплодната земја во селото, а името е зачувано и денес, познато како Метов од „метох“.[3]

Во XIX век, Дурачка Река било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот е голем и зафаќа простор од 25 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.242,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 690,8 хектари, а на обработливото земјиште 475,6 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Мештаните на повисоките маала на селото имаат идеални услови за сточарство и шумарство. Во минатото, на осоговските пасишта биле подигнувани колиби.[3]

Селото е препознатливо и по своите валавници. Во минатото постоеле шест: четири во Валјавичарското Маало и по една во Метовското и во Шоповското Маало.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948857—    
1953936+9.2%
1961715−23.6%
1971654−8.5%
1981465−28.9%
ГодинаНас.±%
1991377−18.9%
1994363−3.7%
2002290−20.1%
2021250−13.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дурачка Река имало 510 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Дурачка Река имало 688 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

По Првата светска војна селото било седиште на истоимената општина и имало 569 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[7]

Дурачка Река е средно село по големина, но со преполовен број на жители. Така, во 1961 година селото броело 715 жители, а во 1994 година 363 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дурачка Река живееле 290 жители, од кои 289 Македонци и 1 Влав.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 250 жители, од кои 237 Македонци, 1 Србин и 12 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 510 688 857 936 715 654 465 377 363 290 250
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Дурачка Река е село со македонско православно население, кое главно е старинско, но има и доселеници.[3]

Родови во Дурачка Река се: Качарци (3 к.) и Келевци (3 к.), потекнуваат од еден предок; Самарџици (6 к.), живеат во горниот дел на селото; Валјавичарци (8 к.), сместени во долината на Дурачка Река, во посебно маало, каде поседуваат валавници; Метовци (10 к.), сместени во истоименото маало; Шопевци (4 к.), името го добиле бидејќи дошле негде од Шопско; Коријанци (10 к.), го добиле името бидејќи маалото им се наоѓа опколено од кории; Меанџици (9 к.), името го добиле по предокот, кој имал прекар Меанџија; Рачичани (4 к.), Којдунци (4 к.), Пладништани (3 к.), Лекови (3 к.), Ќусини (7 к.), Заградци (5 к.), Новаковци (6 к.), Рајковдолци (5 к.) и Студендолци (2 к.).

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ташовци (3 к.), Величковци (7 к.), Давидовци (16 к.), Стефановци (5 к.), Куќурци (3 к.), Јањовци (3 к.), Стојковци (1 к.), Наќејци (1 к.), Станковци (1 к.), Бошњаци (4 к.), Ќусинци или Гоговци (5 к.), Шопевци (2 к.), Загранци (15 к.), Колевци или Анѓеловци (2 к.), Коријци (17 к.) и Арачијци (15 к.)
  • Доселеници: Којдунци (9 к.) со Келовци (7 к.) околу 1760 година се доселиле од некое село во горниот слив на Крива Река (од Подржи Коњ или Луке); Димковци (8 к.) и Присојарци (6 к.) доселени се однекаде околу 1800 година; Павловци (6 к.) доселени се околу 1810 година од селото Градец; Чифчијци (3 к.) доселени се околу 1909 година од селото Станци.[14]

Општествени установи

уреди
 
Поглед на подрачното основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кривопаланечка градска општина, во која покрај градот Крива Паланка, се наоѓале и селата Б’с, Варовиште, Дренак, Дрење, Дурачка Река, Киселица, Конопница, Кошари, Лозаново, Мартиница и Станци. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Дурачка Река, во која влегувале селата Б’с, Дренак, Дурачка Река и Станци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0956 според Државната изборна комисија.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 275 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[17]
Споменици на културата

Во селото Дурачка Река според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е 1 објект за споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија:

Реки[18]

Редовни настани

уреди
  • Духовден — главна селска слава, иако некои маала си одбележуваат и други празници

Иселеништво

уреди

Од селото, по Првата светска војна, а најмногу по Втората светска војна се отселиле многумина. Се смета дека се отселиле околу 50 домаќинства. Иселеници се сретнуваат во овчеполските села (Џумајлија и Каратманово), во Банат (Јабука) и во градовите Скопје и Крива Паланка.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 118. Посетено на 2 јуни 2019.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 325–328.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  6. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 мај 2019.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 јуни 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-06-02. Посетено на 2 јуни 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 28. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди