Пагаруша
Пагаруша — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 227 жители. Во минатото селото било чисто македонско (христијани и муслимани).
Пагаруша | |
![]() Поглед на селото Пагаруша | |
Општина | ![]() |
Население | 227 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25104 |
Надм. вис. | 623 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Пагаруша се наоѓа во областа Торбешија.
ИсторијаУреди
Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 15 жители христијани (Македонци) и 380 жители муслимани (Македонци).[1]
НаселениеУреди
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 227 жители, од кои 226 Турци и 1 Албанец.
РодовиУреди
Пагаруша е торбешко село
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Староседелци: Панчевци (1 к.) исламот го примиле од како се доселиле другите муслимански родови. За нив може да се слушне и името Алиовци.
- Доселеници: Јуцовци со Селмановци и Оручовци (15 к.) доселени се од селото Жировница во Долна Река. Го знаат следното родословие: Заим (жив на 38 г. во 1950 година) Узеир-Зејнел-Јонуз-Реџеп, се доселил неговиот татко; Аџовци (12 к.) доселени се од Долна Река, мислат дека се од Жировница; Чалмовци (11 к.), Суљовци (7 к.), Зулковци (6 к.), Чумуровци (5 к.) и Османовци (3 к.) доселени се од Долна Река. Последните се продолжуваат само преку домазети.[2]
ГалеријаУреди
ИселеништвоУреди
До 1950 година од разни селски родови се иселиле во Скопје, 21 семејство. Од селото целосно се иселил родот Оџовци. Потомци од овој иселен род можат да се најдат во Скопје и Турција.[2]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ 2,0 2,1 Трифуноски, Јован. Филозофски факултет-Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Пагаруша на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |