Горно Врановци

село во Општина Чашка

Горно Врановци — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Горно Врановци
Горно Врановци во рамките на Македонија
Горно Врановци
Местоположба на Горно Врановци во Македонија
Горно Врановци на карта

Карта

Координати 41°40′52″N 21°33′24″E / 41.68111° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.68111; 21.55667
Регион  Вардарски
Општина Чашка
Население 318 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29016
Надм. вис. 679 м
Горно Врановци на општинската карта

Атарот на Горно Врановци во рамките на општината
Горно Врановци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Гроот, во полите на Јакупица, во средното сливно подрачје на реката Тополка, од нејзината десна страна. Населбата од градот Велес е оддалечена 29 километри.

Историја уреди

Од крајот на XVIII век во ова село почнале да се населуваат муслимани од мијачките-торбешки села кај Радика. Некои заостанати христијани го примиле исламот и така се создало селото Горно Врановци. Македонските муслимани од ова село почнале да се иселуваат со пропаѓањето на Османлиското Царство. А најголемото иселување на жителите од ова село било во 50-тите на 20 век. Тие заминале за Турција. А на нивно место се доселиле Албанци од Косово.

На 29 октомври во Горно Врановци е објавен првиот број на весникот „Нова Македонија“, каде што се наоѓа и првата печатница во ослободената Македонија, денес претворена во музеј. Весникот кој сè на сè имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик.

Економија уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19483.354—    
19533.847+14.7%
1961738−80.8%
1971177−76.0%
1981184+4.0%
ГодинаНас.±%
1991174−5.4%
1994221+27.0%
2002199−10.0%
2021318+59.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Врановци живееле 1.900 жители, сите Македонци муслимани.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 2.500 Македонци.[3]

Во пописите од 1948 и 1953 година, Горно Врановци е најголемото село по број на жители во Република Македонија, а поголемо и од неколку помали градови во тој период како Крива Паланка, Неготино, Виница, Кратово и други. Во средината на 50-тите години селото значително се празни, бидејќи голем дел од населението се иселува во Измир, Турција, така што во следната пописна 1961 година, регистрирани се само 738 жители, или 3 109 жители помалку од минатиот попис. До пред доселувањето на Албанците, во селото живееле Македонци муслимани, кои биле доселени од селата во Долна Река.

Според пописот од 2002 година селото има 199 жители, од кои 189 Албанци, 9 Турци и 1 Македонец.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 318 жители, од кои 1 Македонец, 304 Албанци, 5 Турци, 1 Бошњак и 7 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.900 3.354 3.847 738 177 184 174 221 199 318
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови уреди

Горно Врановци денес е албанско село, но некогаш било торбешко (македонско муслиманско) село.

Според истражувањата од 1966 година, родови во селото:

Албански

Торбешки

Во селото во 1966 година имало останато само 10 торбешки семејства, но тие требало во секое време да се иселат во Турција. Некои од торбешките родови кои живееле во селото се викале, Аџи-Ќосеви, Селимовци, Шабановци, Елезовци, Капушовци, Арслановци, Мемедовци и др.[10]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2230 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 282 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости = уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Ова село броело некогаш 800 торбешки (македонски муслимански) семејства. Но нивното иселување во Турција било толку силно што денес се целосно иселени од селото. Околу 790 торбешки семејства од ова село се имаат иселено во Турција. Најголемиот број во Измир. Само мал дел од нив се иселени во Велес, Штип и Радовиш.[10]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 . Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски уреди